Не верувам да и се точни. Ај должината ко маиче и на хеланки, ама рамениците нема шанси да ја зберат.
Толку ли не можат да направат пресметка која големина да земат, и јас имам многу такви кои се летни со бројчиња за во зима и обратно. Да ги сменам,најчесто не даваат фискални,па не може да се смени,па или ќе чувам за второ дете или и јас ќе подарам на некого.
Нема точни да ѝ бидат Тоа што е помало облекувај сега до крајот на летото, а другото што е поголемо ако има некое соодветно фустанче без ракави, можеш на есен-зима да ѝ го облечеш со хулахопки и боди на долги ракави под него.
Јас чував се, едно делче во плакарот само за нови неперени алишта ми беше. Полн, крцат, тоа што не беше точно не се совпаѓаше никако го носев по родендени на подалчни, другото си го носеше. Моето има алишта од 18 до 24м од Вајкики ги носи гајле нема, а има 3г и 3м.
Верувај речиси сè што добив е утнато величина со сезона. А има доста убави работи и затоа ми е криво. Ќе носам и јас поклони некаде или ќе чувам за наредно бепче. Нешто белким ќе успеам да и облечам при крај на август и септември ако е топло. Ич не сакам големо да ù е и да биде како преправена. Имам од синко една вреќа такви нови, ем колку и подарив ем уште има, сега од ќере дупло, само ги претакам да не заборавам нешто.
Јас имам алишта добиено за до прваче. И баш тие многу ми се допаѓаат. Во глобала се добри броевите, тетката на маж ми пример мислела летните сега да си ги носи, а зимните се поголемки, таман за зимоска. Е сега имам и некои 62ки за бебе од 4+ месеци и фустанчиња 80ки, што сега се големки, а на есен ладно ќе биде за нив. Поблиските ме прашуваат за бројче, или пак јас им кажувам ако треба да се смени. И да не бидам оф топик...
Извини што ти одговарам после неколку денови, случајно видов сега, не ми стигнала нотификација или не сум видела. Извини те молам уште еднаш. Таа вртелешката е иначе заедно со останатиот дел, каде што е птицата, се закачува на креветче и има 20 минути мелодии. Иначе може да се користи и засебно како јас што ја имам стаено на количка. Од Џамбо ја земав, на Фишер Прајз е, 25 евра беше. Вака изгледа Спојлер
Здраво на сите сликички ќе прикачам наскоро, кога ќе почнам да средувам плакарче. Гледам многу од вас имаат купено со долги ракави, долги тренерчиња. Бебка треба да се роди крајот на октомври, ама јас почнав да си се спремам полека. Каде низ Скопјево може овој период да се најде есенска гардероба? Или сепак да си чекам септември да дојде?
Па колку шо гледав на пр. Окаиди имаат веќе есенска колекција донесено. Би требало веќе сите други да имаат.