Извини по муабетот ми звучи како 2ра класа или веќе се користени од друг? Како и да е ништо не се приметува.
Не не се користени нови се, ама имаат на пр. дупчиња негде годе или некоја грешка во работ што неможат во продавница да ги продаваат и ги носат на женава кај што купувам, ако појдиш кога ќе и стигни робата, можиш да најдиш и скоз убај без грешка, без дупки, има и за големи маици долни, гаќи... @monik55 не е Скопје далеку сме ние, блиску Битола јас уште пред да се роди бебе од таму си земам.
Душо каде е таа жена? Јас сум бт па може ќе најдам неш за цуца за подома. Мн се валка кога јаде, па ми требаат така ефтинки боденца.
Леле Бони ептен се цакани. Ќе сакаш да ми кажеш од каде се? Се навлекуваат на рака тие поголемките? Ако да, мојава ќе полуди на нив
Добро што е со цениве на детските играчки. Погоре видов 5пластични чаши за 600ден, сега чорапи-животинчиња за 1000. Стварно се претеризам со цениве знаат дека за најмилото секако ќе купиш ама осет малце да се имаа...
Осет Абе каков осет човече тоа ти е прв бизнис по чист профит после фармација компанија. Само кога ќе ги разгледаш добивките на крај на даночна година што оствариле јасно ти е за каква маржа се работи. Едно купување играчки не мине под 100 евра. Само за играчки, а каде е облека, колички, козметики, кадички и дрн дрн натаму. Од друга страна си викаш ајде нека има се, мое е да му овозможам за тоа работиме нели. Али низ нос ти го вадат кеифот да купиш. 1000 денари за чорап на рака мислам побогу ало.
Па јас можам да го направам, нов шарен чорап ќе купам и потребни работи за "декорацииве", и повеќе од 100ден мема да ме кошта. Чорап 1000ден бе? Чорап. Стварно ненормални пари се прават на детски работи.
И најјако, ти ќе дадеш 1000 денари за чорап-играчка, а бебето најмногу ќе си игра со празното пластично шише што ти останало од сок.