Пријатни се за бебчињата плишани шпихозни?? И општо се плишано? И јас имам бендисано неколку ама се мислев да не се поти во нив зимно време
За помало бебе да можи, моево е декември родено имав 2,3 пара па ги износи, а за поголемо бебе 6+ месеци не баш, оти веќе се движат, мрдаат и ќе се потат, јас не би му купила сега.
И јас имав донесено од некој. Никогаш не ги облече. И дома е топло. За бебе само памучно. И не натунтано, оти им е жешко. Сепак вие си знате најдобро. Имавме и како третото скафандерче, тоа со етикета ми стои. Не знам ни оти го имам купено.
За надвор јас мислам дека се ок баш , за дома не никако @Sesil , многу ќе му дојде , јас и лани на година ипол плишано така и имав облечено зимото јануар во ладното , за прошетка ќе се најдат ..
Јас па се плишани ствари земам, да не ми замрзне дет'то треба тогаш памучни повеќе да гледам штом така велите...
Памучни најдобро, за внука ми плишани купив оти мекички такви се, најубави. Но многу се потеше во нив и само за надвор и ги облекуваше сестра ми
Немав намера да кршам ќејф. Ама дома секако ќе биде топло. Плус во раце или се доите, тогаш повеќе се потат. Во памук и не многу наоблечени. Затоа што лесно може да го прегрееш.
Леле јас еднаш го легнав во плишани шпихозни, леле лелееее.... сварено беше После за надвор само му ги облеков оти се роди во едно убаво време априлско (до ден денес на роденденот му е убаво времето) ама после фати студ, ладно, смрзнати бевме. Па така само по плишанки шпихозни и капче надвор, таман ни беше. Иначе најубави ми беа од ХМ памучните шпихозни за бебе.
Да најдобро памучни, јас во Тритекс го израснав, најпријатен е памукот, најмек, се растегнува со носење, но со перењето пак се враќа се стеснува. Па и Атопичен дерматит имаше бебе и мораше 100% памук
Ќебенце е тоа душо. Го нарачав од една продавница во Чаир, мекано е ептен. 650 денари. Kids Zone Macedonia se vika.
Со здравје да си го користите ќебето е премеко едноставно кога ке го фатиш ти се иде да се покриеш со него, јас сега сакам да го купам кај нас во маркет инаку за Жито Маркети станува збор имаше акција со секој купен памперс џамбо пелени имаше купон со собрани три купони и се добиваше ќебево ама тогаш бев бремена незнаев каков ќе користиме инаку редовна цена е 600ден а понекогаш и се намалуваат со клуб картичка, воа како реклама беше ама ако има во вашиот град маркет можете да го видите и има избор на бои...