Јас сум задоволна, сега има и топлинчиња убави донесено во неделата бевме ние и криво ми е што не купив
Материјалот на алиштата од Џамбо е убав и мек, и купив еден куп од таму. Ама сите боденца се раширија во вратот, како на голи раменца и стојат на малава. Ги перам на 90 степена, може и тоа моја вина е, ама боите се супер, само развлечени се во вратот.
Се развлекуваат тие едни ко подебелки што се. И на помала температура испрани се шират. Ама па за тие пари, дур се развлече, ќе го одрасне. Тие потенките, летоска што беа, не ми се развлекоа, ама се скинаа кај нитните доле.
Такви се. И нашите се раширени а јас на раце ги перам. Ама задоволна сум, цело лето само во такви беше си ги износи. Од овие со долги пред некој ден купив уште не сум му облекла, ќе видиме дали и тие ќе се растргнат.
Јас не перам на 90 никогаш па све од Џамбо ми е рашкембено. До материјалот е. Кога беше апла бебе малите бодија останаа Ок, но овие 12-18 бројче се раширија како торби
Дај ми го тоа у средина со бобици Многувсе цуцави значи.Ептен Со здравје да се носат,не прашувам од кај се знам не си во Мк
Мајки, јас за срамота, ама да прашам. Бидејќи за малата мм купуваше јаслежев. Сега треба да купуваме, ама не знам бројче.ми донесе да видам неколку пара шпикозни ама нема такви бројчиња туку пишува за 6м. Ај ве молам пишете кои бројчиња да ги барам?!
Јас каде и да купувам на секое парче гардероба си пишува за возраст, од 0-3 , 3-6... број 56 мислам најмало беше,така барај. Ама не купувај многу со тој број, ќе ги израсне брзо..
52 е новородено, 56 е 0-3 месеца. Ама имам еден куп алишта што се исто бројче ама не се иста големина. Како и за возрасни, од различни брендови варира малку големината. Најдобро е да си земаш главно 56ки, зошто и големи да му се на бебето, ќе ги стаса. 52ки може неколку, ама и да се роди помало, брзо ќе порасне. Ќе ги носи завратени некоја недела, ништо страшно. Ќерка ми се роди 48см, и 52ките ги носеше цел месец, ама не докупував зошто имав многу 56ки.
0-1 50 2-3 56 3-6 62 6-9 68 9-12 74 12-18 80 тс за година точно ќе биди 80 Мој совет 50 не, не знам ни воопшто дали ги вадат уште. 56 јас имав 2 шпихозни купено бидејќи комотно им е, а таа бројка им одговара само 1 месец. После 2м се различно носи... Шпихозни голема бројка 74,ама долгичка е мојата. А комплетчиња таман и се 62 тс 3-6. Кога ќе почниш да купуваш постепено ќе си ја знаеш бебка и ќе знаеш која бројка за шо ќе и е точна.
Фала ви многу. Земав едно 56ка,едно 62ка и едни поголемки шпикозни, мислам 74ка пишуваше. Ќерка ми се роди 2600гр,излеговме од болница со 2400гр. Ама подолго време носеше исти бројчиња. А знам бебенца што за 1-2 качуваа повеќе на килажа и побрзо ги израснуваа.
Ќерка ми сега порасна сега е 3,5години. Здравје уште малку ќе видиме бебето колку ќе се роди, може ќе јаде повеќе па побрзо ќе купуваме Фала ти
Така и да биди, да си јади и мама и тато да купуваат секој месец ново бројче А ќерката голема да расти
@Makedonka007 фала ти, да се живи и здрави сите. Ќерка ми ептен економична се погоди, гардероба носи подолго време иста. Еве дури сега на 3,5г малку се поправи