Работиве се ептееен слатки и баш за престојниов период корисни... дали е тоа вреќа за спиење? и од каде се купени, фала однапред, со здравје и радост и смеа да се користат
Фала ти многу Да вреќа за спиење е. Се е купено од Зара ама од Софија,незнам во Скопје во Зара дали има за бебиња.
2 пара спикозни, 1 само сликани другите се исти, комплетче горно со долно, на тоа горното ќе го извафам панделчето дека за машко се подебелки се како за спиење ги земав, ова маичето за в лето. 5 работи за 450 ден. Тритекс, 2ра класа, ништо не му фали, само мало дупче има маичето.
@flower30 Генерално 0м е 50 0-1 56 1-3 62 3-6 68 6-9 74 9-12 80 На пример х&м се 0-2 56 2-4 62 4-6 68 6-9 74 Ама сепак некои многу се собираат, други имаат по широки модели... не се ослонувај скроз на табелава зашто зависи и колкаво ќе се роди бебето и колку брзо ќе напредува. За почеток неколку 56ки и повеќе 62ки па ќе си докупите според бебето.
@Only1 брат ми е во Софија денес и му ја пратив твојава слика со алиштенцава, нешто тој тип да земе, тие дебелките комплетчиња...немало ништо од тоа Винтијаги им земал по негов избор, за поклон
И јас разгледував онлајн, ама овој ме предомисли, немало, или се биле поголеми броеви.. океј, нема везе...тоа е.. ќе најдам друго нешто..
Задоволни сме да.Кај мене синко беше долго бебе и овој му одговараше ,а имавме од оние обичните од пазар го добивме на поклон ама така ни остана