Пробај измиј си очи со шампонот, па ќе праиме муабет. Не е работата дали и фали, има премногу. Има ефтина козметика а подобра од Косили. Ако нас не бањале со Косили и Бекутан не значи дека било ОК, не било. Бекутан не за џабе е толку ефтин.
Цената на производот воопшто не е гаранција за квалитет. Синми страотно се нафрлаше од купка на Мустела, а лошо реагираше и на одредени производи на Еуцерин. Сите знаеме колку чинеа/чинат. Секој организам е приказна за себе!!! Од мое искуство, што помалку козметика (хемија!), толку подобро. До речиси 1.5 год го бањав само со сапунче Еуцерин, не го мачкав со ништо. Го мачкав до кај 4 м со маста на која во моментов ама никако да ми текне името
Некогаш цената нема влијание , штом толку години е во продажба значи има што го купуваат . Јас немам користено , ама пред една недела и земав шампон Џонсон на малата со симболична цена е , околу 130ден да беше , па супер и одговара ,косичката толку мека и убава и е , што ептен се изненадив , имав и јас така глупи предрасуди кон тие *цени* . Нека си пробуваат мајките , ако им одговара на нив тоа е најбитно , а не другите што сме рекле , сите имаме различен вкус .
Јас конкретно не разбирав многу од состав ама отворив нет и убаво се информирав, Џонсон е можеби фирма со најлош состав, зборам за канцерогени состојки, нафтени деривати, конзерванси и парфеми. И не е поентата пробај-види, нема од се да има одма реакција ама тоа ич не значи дека е ок. И јас користам евтина козметика ама чиста... hipp, babylove, и chicco знам дека се ок ама не сум ги пробала. А логикава со колку години е во продажба ич не ти држи.
Во право сте за Џонсон, вчера читав една статија https://www.mother.ly/news/johnsons-baby-powder-recall Ова е само за пудрата, но имаше и предтоа за другите производи. Ама не се сложувам со тоа дека поскапо е подобро. Ептен сме оф, ако треба нека не преместат во друга група, корисни се овие информации.
^Јас само да надополнам дека е смрдуш фирма и сите тестови им се врз животни правени најчесто користат мајмуни. Да не бидам оф :
Се е купено од тато, од Германија. Освен на втората слика едното комплетче со цветови јас и го купив, од една страна го нарачав.
Првите 3 се од H&M 20 € A вторите 3 ги нарачав од Tiny baby shop на фб 1199ден +130 ден достава. И едните и другите малку се собраа во сушара, а памукот им е многу убав.