Оркестра, Грција. На тие со долги ракави 37.99 евра е редовна цена, ама јас имам клуб картичка па платив 18.99 евра. Тие со кратки ракави се од летната колекција останати и спуштени беа на 9 евра.
Маж го земал вчера во Лидл, околу 12-13 евра. Вели имало и поголеми. И како табуретка служи ептен практично.
@lackygirl има идентични во Зегин, мислам 950-1000 ден со Спајдермен, Елза и некои други Дизни ликови.
Јас имам ваква кутија од нама.мк , не повеќе од 300ден. Одамна е. Ама ги има уште. Баш иста големина имам, а и поголема.
Јас ја купив таа од зегин. Од дизни се и ги имаше сите дизни ликови. Ептен е практична за играчки и како табуретка. И многу е цврста. Бебе на неа научи да се исправа @lackygirl
Мајки здраво не сум сигурна дали е за тука прашањево ако не е нека го префрлат...гледав на веб страната на Моја продавница скафандери за бебо ама не сум сигурна дали се дебелки доволно...искуство некоја мајка?фала ви
Мами кога бебињата ви беа новороденчиња, во што бројче ги облекувавте? Баш гледав, јас немам саглам купувано работи и се што имам е различно бројче, но сега за кога ќе се роди планирам повеќето работи 56 да бидат, и по нешто 50. Мислам таман е?
Таман си е. И јас имав 50,56,62 важно ништо не е мало,тоа што е големо го завратуваме,ќе порасне па пак ќе го носи
56ки најискористени ќе ти бидат. Мене сите доктори ми викаа многу големо бебе дека ќе биде, а и јас и татко и не сме биле мали, па купив 62ки. На крај 51см се роди. 50ките што ги добивме неколку и се кнап. 56ките се супер