Najiskoristeno nesto ni e ova. Uste od koga pocna da fakja so racinjata si igra so nea i uste ni e omilena
Мрежата не се чисти добро и после неколку користења треба да се смени, затоа има резерва. И мораш да ја полниш цела за да стои исправено инаку се витка и неможе да ја фати. Како и да е мм неможел да најде од другата и оваа бркаше работа.
Првите три месеци не можев да стојам на нога, а не пак да купувам. Штом ми помина лошењето веднаш се ставив во погон. Мој совет ти е од 4-6 месец да купиш се што ти треба зошто од 7ми особено 8ми месец најчесто има проблеми кои бараат мирувања. Деветти ќе бидеш слон и се ќе ти биде тешко плус желба ќе немаш за ништо. Ако имаш енергија ( никогаш сама не оди во ова тромесечие може наеднаш да снемаш енергија) слободно купи. Муабети од типот чекај нека се роди во минатиот век се користеле да ги плашат мајките има економски и социолошки аспект “муабетот”. За овој век и оваа напредна технологија и медицина не важи муабетот. Секогаш со добра мисла до крај и само позитива.
Јас силиконско имам, ми се обои од храната. Мислам дека е полесно за чистење дека може да го стерилизираш исто како шишињата и цуцлите, ама некако не ми пушташе многу сок. Ќе гризне бебе неколку пати, цело овошје се смачкуваше во средината и после бебето не може да стисне доволно за да пушта сок пак. Некако не ми беше многу искористено. Полесно ми беше цело парче овошје да и дадам и да го глода.
@Starlič И јас купив силиконско од Еурофарм, синко се уплаши ко му го дадов, нз зошто, со раката ми го турна и ако го види бега се крие ништо живо го нејќи
Јас го користев од првиот ден додека можеше да стане од него. Исто како транспортерот, да не седи долго во него, ама секој ден го користев.
Здраво ние сме 4м дали може да и ставам јаболко во силиконски и да и дадам да глода бидејќи се ставаме в уста запчињата ни се на пат и имам само сокче од јаболко дадено разреден или рано е за необработено овошје?
Јас почнав со дохрана 2 дена пред да направи бебе 4 месеца со свежо овошје. Ќе треба да го изрендаш јаболкото ако сакаш вака во цуцла да го дадеш, иначе нема да пушта сок, освен ако не е многу меко или веќе сварено. Ако сакаш само сокче да дадеш, јас блендирав во нутрибулет, па цедев низ газа и го давав со шише. Самиот блендер не блендира мали количини без да додадам вода, па затоа ја додавав, иначе не сум разредувала сок специјално за бебето. И ако сакаш да почнеш со дохрана, давај храна, а не сок. Сокот е само за проба првиот ден евентуално, подобро е да јаде блендирано јаболко и да си пие вода. А општо дали е рано да дадеш сок или дохрана, ќе си зборуваш со педијатар. Јас лично ова на своја рака го направив, сметав дека е време. Има бебиња што од разни причини мораат да почнат со дохрана, или не би требало да почнат на таа возраст.