Од каде ги зема пупите? Од џамбо? Јас истиот Фустан го набавив и лигашки и боди божиќни, но пупи не најдов.
Арно што ти текнало. И мојата исто ги обожава Инаку книгата до морски животни ја имаме, ја обожава, постојано ја гледа, врти и ги 'бара'. Дефинитивно најискористена ни е, ем не се уништува лесно, ем е интересна.
Ехе ние од кога имаме фејк далечинско, ама ќе стисни неколку пати, ќе види дека не менува и го траска од земја и го бара пак вистинското. А се утепав од барање да е скоро идентично со нашето.
Не помислив на овој момент, ама со оглед дека дома имаме 3 различни далечинска од кои едно е за телевизорот, а сите три ги сака исто, ваљда нема да и смета дека нема да работи хахахаха
Ова фејк далечинско е играчка или? И мојата е ко хипнотизирана од далечинското може по цел ден да го гледа барав таква играчка ама не најдов, јас се мислев телефон играчка да и подметнам.. којзнае дал ќе има ист ефект. Ако имате далечинско играчка кај е купена?
Имаше 2 книгички уште на мекици што ни ги донесоа и од секогаш и беа низ играчките. Пробував да и читам од многу мала, ама позаинтересирана беше да ги јаде книгите. Да ме слуша кога читам почна на околу 7-8 месеца, а од неодамна (10+) почна сама да си ги врти страниците и да си ги гледа сликичките дури и кога сама си игра. Сега купив книги што имаат мали прозорчиња, па и ќе учевствува во читањето, на пример пишува каде е пчелката, има мало парче како вратичка што се отвара и позади него има слика од пчела. Обожава така да чепка, па затоа такви книги купив сега. Наредно планирам цели сказни да барам (како Црвенкапа и Пепелашка) ама мислам дека уште е мала за толку долги приказни.
Дали се тврди страните од книгите? Моиве се јадат, парче прават ама сепак ни се нешто најискористено.