Ги имаме шпикозните од next и ги изнаносевме. Нон стоп е во нив по дома и за спиење. Квалитетни ептен. Памукот преубав и премек. Само пази на прво сушење во сушара ако ги сушиш многу се собираат.
Од зегин ги земав јас . Инаку можеш и понатаму ако цица бебе , но секако ќе ти требе шише за чајче или цуцла лажливка.
Види ја бе, колку се слаткии!! Од каде ги зема? Сакам и јас за моево да купам, да заличи на бебенце, баш и јас ќе ставам сликичка, ама јас од мал фраер започнав да го правам. Имам му земено и други работи со бетмен и со диносауруси, ама тие се за кога ќе потпорасне, беа на попуст тие останати величини и ги грабнав. Барав бодиња со мечиња, со нежни сини бои, не видов баш симпатични, твоиве се прекрасни. Тоа со диносаурусот ми е омилено.
Доста од облеката купив во Софија, а после дозедов по нешто во Тритекс, Анжи и Стружанка. Ова се сè работи за почеток, доста му се. Сите се број 56, но некои се помали, а некои поголеми иако се ист број. Гледав со копчиња да се на страна и напред за полесно облекување, да не му ги навлекувам преку глава. Многу ми помогна темата Што e потребно за новороденче, цела ја исчитав и списоци правев. Сега ќе чекам пролет-лето колекции да извадат за понатаму да купам по нешто број 62. Твоите се слатки и фраерски, тамам кога ќе потпорасне
Јас не купував 0 месеци, сите ми кажаа малку поголеми да земам бидејќи не се знае колкаво ќе се роди, докторот ми вели да не очекувам мало бебе. Претежно земам 0-3 месеци, а поголемите гледам да се за 6-9 или 9-12 месеци ако нешто ептен ми се допадне купувам.
Најмал број е 50, не сум купувала толку малечки. Рано ми е некако за 6-9 да земам, башка лето ќе фати и тамам ми е овие да ги надноси и после летни работи ќе купувам.
И јас прво гледам за почеток помали да имам, ама во Грција имаше попуст на многу убава облека по 5 евра беа и земав неколку работи за 6-9 месеци. Едноставно сакав да ги имам. Ми се допаднаа, а немаше малечки и затоа земав за понатаму на долги ракавчиња.
^ Моево од 3 месец носеше облека за 6 месеци ,зависи од бренд до бренд,ама претежно 68ци. Баш сега носи бодиња од H&M пишува од 4 до 6м,веќе му се кнап а за два дена прави 4м. Сега веќе купувам 80ки,86ки за 9м.