Од кој ДМ ги купи и дали стојат кај пелените? Не сум ги сретнала до сега,а при крај сум со овие од Бекутан... И која димензија се?
Немам ништо за 0 месеци. Обично купувам 3-6 месеци. Дел од работиве ги купував со сопругот и тој ме напна, мали биле тие и тој зема неколку работи за 6+ месеци. Инаку да ги прашам летните мајки, дали да купувам на долго ракавче бодиња? Имам веќе 6 на долги ракави, во продавниците ми велеа да си земам на кратки ракави повеќе. Не знам што да правам. Се мислев да купам повеќе на кратко ракави и да побарам за одозгора нешто како џемперчиња или тенки блузички на раскопчување. Ама не бев сигурна и сепак земав нешто и на долги ракави.
Пoдoбрo штo земаш 0-3. Ќерка ми е мнoгу дoлга и брзo надраснува. Имаше дoбиенo едни тренерки за 9 месеци пишуваше дека се ми делуваа пoмали кoга и ги oблекoв кнап и беа ,а сега веќе не и се тoчни. Муабетoт е дека сите брojчиња се различни вo зависнoст oд фирмата. Бoди на кратки земи си пoвеќе бидеjќи е летнo бебе и гoре сo некojа памучна блузичка/шпикoзна дoдека е уште пoмалo. Jас џемперче не би ставила вo летo на бебе.
0-3 купувам само кога сум сама. Кога сум со мажот он одма бара 6-9 месеци, па ај на средина се наоѓаме 3-6 земаме. Знам дека брзо се надраснуваат,ама грдо изгледа бебе со нешто облечено преголемо. Треба малку од малку и тоа да се внимава. Не мора тас тамам, океј е ако е малку широчко, ама да не е претерано големо.
Обично турските работи не се точни со броевите. Гледам имаш од тритекс, тие се ок, може и поголемки. Од 0-3 ќе ги искористиш. И моето бебе брзо напредува и расте, еве полни 2 месеци има 62 му се супер. Шпихозни турски 68 му се мали. Вистина е дека брзо напредуваат, ама не може да скокнат некои броеви. Свеки му купувала нешто сега 80ки, за дете од година дена . Од тритекс баш се посебно огромни. Гледај величина, не број. И ваикики исто не се мали, ок се броевите ориентационо (иако турски) .
Е баш прееска тоа се чудев во една продавница, синово боди е за 4 месеци, случајно фатив и едно друго сино, на него пишуваше 6 месеци, а беше многу помало од ова. Изгледа од око ќе треба да погодувам кое би ни било добро кое не. Стрина ми паметам купуваше од најмалите, бебето беше ептен крупно и ништо од тоа не му се фати.
50ки ако е покрупно нема да носи. Моето се роди просечна големина па по еднаш ги облече. Некои работи од 0-3 уште ги носи. Најискористени ќе ти бидат од 3 до 6 мес мислам ако е крупничко. Нема смешно да изгледа како торба. Се што е поголемо, какво и да се роди бебето нема да личи. Сигурно нема 8 кила да се роди
Епа тоа велам и јас, некако глупо е да се зема преголеми. Ќе си купам за секој случај и помалечки кога маж ми ќе биде на работа. Не сакам да плива во облеката.
Немај гајле,моево на 5 месеци носи 80ки важно нека има,ако се поголеми,да не се мали. Инаку за бројки, имав две бодиња од тритекс 50ки ,кога ги споредив како два броја да беа разлика,а од иста фирма. Нема правило,затоа и помали и поголеми алишта да има.
Не знаат што прават со броевите.. Иначе овие пижами едни од тритекс 80ка долните се долги колку цело мое бебе. Лудило мозга. Во секој случај, ќе се износи се, ама кога..
Ич не е глупо да се земаат поголеми. Поголеми најпаметно е да се земат. Бебе е, посебно на почеток треба да му е комфорно, нема на изложба да се носи. Нормално нема во вреќи да го облакаш, никој така не прави, ама па и кнап не е работа за толку мало бебе. А бројчињата немаат врска. Мојава е долга, од почеток носи поголеми. 6+ е сега, а има и од 9, 12 и 18 месеци работи што ги носи. Ќе си го научиш бебето и како ќе расте ќе знаеш да си му земаш од око.
Ние пак обратно. На почеток мојата палчица 50 И беа преголеми - 45 см се роди. Две нули 00 за пребебе И беа големи. И сега помали носи за месеците. 64 см е долга а 6 И пол месеци е. Зависи од бебе. И покомотни треба да бидат. Синко беше многу покрупен. Ова време носеше за 9-12. А сестра му 3-6 хахаха А И различни се големините на различни алишта. Мојата носи боди 1-3 месеци а има И од 6-9 што исто И стојат. Нема правило
Алиштата треба да бидат разумно поголемки. Бебе новороденче не може да носи алишта за 9 месеци. Како што син ми од 2 месеци што не може да носи алишта за годиначе . Свеки му купила едни тренерки 80ка и се запна да му ги облечам..кога не ме слуша што и зборам . Намерно го облеков само да го види. Беше како торба и не можеше да мрдне. Се му беше само не комотно. Треба мерка да се има и во поголеми алишта земање ми е муабетот. Им проаѓа сезоната. На син ми тие дебели тренерки ќе му бидат таман во август може во сред лето. За новороденче 56 и повеќе 62, поголеми нема да личи.
Кај мене се роди 4100,но 56ко пак му "пливаа". Но некои од нив износи до 4месеци, така да греота е да му купувате преголеми сигурно не планирате истите да ги носи до една година. А за од кога ќе се роди да купувате....ахам сигурно Главата не знаев кај ми е, со рез, ненаспиена, бебе виси на цицка 24/7, уште да можев да купувам