Истово сакав да го пишам Може и ќе се најде време за едни шпихозни или боди,ама основните работи мора да се обезбедени пред раѓање. И однапред не знаете како ќе напредува бебе,ама во почетокот сите носат 56, 62. Е после 2,3 месеци кога ќе почне да носи алишта за 6м е друга приказна,тоа се купува во моментот
Твојава арно и купила Мојата од кога е роден ништо му нема купено а и па пред да се роди ништо посебно едно боди 2 пара шпихозни и тоа плиш еднаш му ги облеков бебе пукна од плачење и од тогаш не ги облековме ќебе и 1 пар тренерки кои сега му се точни
Абе остај.. Све купила огромни па вика зошто не му облакаш јас што сум му купила . Ќе му облечам во 2021 коа ќе му се таман
И јас кога вака зборувам ми викаат дека не сум во право. Требало откако ќе се роди да се купува. Е сигурно, кога ќе се исперат, исушат и спремат? Се нервирам од вакви коментари, ниту некој пари ми дава ниту пак сакам да ми се меша во тоа колкава облека сум купила. Свекрвата ако ја прашуваме најпаметно е на бебето да му земам за 3 годишно дете, па да ги искине од носење.
Да знаеш дека мене на глава ми се качија што сум купувала се рано не било убаво, требало после пораѓај... (да напоменам на се спремно одвај стасаа да ми позачистат дома бидејќи јас не можев ба патолошка бев и мирував, имаат и они после тоа еден куп работи, гости секој кој слушнал, мекици делење, па забава организирање, па јас досаѓав донесете ова она секој ден по неколку пати итн итн) што им било нив работа кога ќе сум била во болница они ќе сределе се. Ами коментари дека се сум земала "машки" бои што ако испадне женско Ама мене од едно уво ми влегуваше од друго излегуваше, никој не фермав. Друг да ми одбере количка, креветче, релаксатор, козметика??? Мало морген! Па и друг да ми одбере алишта и да ми ги перат, пеглаат... Не дозволив некој друг да го прави тоа во што јас уживав. Еднаш сум мајка и не се знае дали по втор пат да бидам, тоа е за мене доживљај и уживав додека си купував и средував се за бебе.
Се спремаме самo пoлека да не ни дojде oд еднаш. Сакам oд 5+. Ќе видиме педиjатарoт штo ќе каже. Oд дамна гo меркав и вo Џамбo има преубави чинии нo незнам за квалитетoт. Oва убавo ми се виде.
Јас купив 4 парчиња 50ки колку за првата недела, другото е се 56ки или 0-3 месеци. Имам нешто на долги ракавчиња ептен за почеток, а другото е боди на кратки и шпикозни на долги. Па ќе видиме како ќе напредува и после ќе докупувам, ова чисто да имам за старт. Инаку, се одлучив за Веледа козметика и купив денеска ама некако не ми се свиѓа како мириса Тие што користите Мустела дали има мирис на бебе или е нешто вакво слично? Купив шампон и купка, крема за пеленска регија и млеко за тело. Дали ми треба да докупам нешто или доволно е? За главчето, за лицето?
Еве и ние нешто почнавме мама е нестрплива да изнакупи се за бебе, ама има уште време. Уште една недела влегувам во седми па полека ќе ги купуваме големите работи Јас не дозволувам никој да ми се меша, така го пораснав и првиот син, така ќе биде и сега. Инаку освен мајка ми никој ништо не ми помага со работи за бебе, свекрва ми по обичај кога ќе спомнам нешто у криза е а и не очекувам ништо. Мешковци уживајте си овие моменти на купување убави спомени се.
Ние Веледа користине уште од раѓање јас сум презадоволна. За бебе не ти треба убаво да мириса или да има јак мирис. Јас за тело сеуште користам јекодерм ѕаа е ао омега а ќе правиме сега 5 месеци
И мустела не мирисаат на ништо. Па ни еуцерин. Знам дека бебето на мои блиски поради сува кожа и некакви црвенила избегнуваа бекутан и слични брендови на детска козметика. Почнаа со мустела, потоа земаа еуцерин, не мирисаа на ништо, дури малку и лош мирис имаа. Јас уште немам одлучено за бебешка козметика, ама планирам да биде Алверде. Ако има потреба, ако нешто кожата не е во ред би купила и од поскапите. А за облека и јас како тебе имав изнакупено поголемки, а утре планирам да одам да купам и помали да имам неколку барем.
Јас кога купував во нашето стокомак во кесите беа само еднобојни. Во секоја кеса има една во боја еднобојна мислам една бела и шарена интересна. И некој паметен си ги искомбинирал сите шаренки ги оставил само еднобојните во кесите ги оставил. Која мизерија сме...