Не е вејрон, нз како се вика чарли спид пишува на нејзе, се земавме од Чарли бејби од тетово. Само за бојата се двоумам јас пишман аџија, по желба на мм црна, јас сива сакав ама земавме веќе. Нека не служи убаво само . Ми стасаа и тетрите, мислам многу ќе бидат 20 порачав, ама ќе се најдат
Зависи од сумата што планираш да ја дадеш. Јас обично ранче купувам и внатре ставам играчка и некои тренерчиња/пиџамки.
Стигна и лимузината за сончко мој, мама се стопи од радост и убавини, едвај чекам да го изгушкам, ама ќе почекам уште малку
Од Mother Care е. Ама ги има скоро во сите продавници за бебешки/детски играчки. Треба 2-3 дена да го чуваш на твоја кожа. На пример навечер кога ќе спиеш за да впие твој мирис. А потоа кога бебе ќе нана или пред да нана ќе го даваш да го гушка и да нана со него. Функционира по принцип на security blanket. Со оглед на тоа дека твојот мирис ќе му биде единствен познат мирис на бебето, па ова играче треба да му даде чувство на сигурност и комфорт кога ти нема да си во близина или кога ќе спие. Ама не е за првите месеци, кога ради безбедност не се остава ништо во близина на бебето.
Јас не живеам во МК. Го земав од Грција. Ама баш сега пред некое време прашував и јас дали има Мадр Кер во Скопје, ако добро се сеќавам мислам ми рекоа Рамстор. Ако има некој што знае нека пише за сигурно и мене ми треба информацијава ќе доаѓам скоро, сакам да поминам таму. Иначе кога сме кај Мадр Кер, дефинитивно нивните шпикозни ми се покажаа најквалитетни и се од парталче таму што ми е земено. И вреќичката за спиење посебно. Наредна есен дефинитивно пак од таму ќе и земам. Ако некој е во период на шопинг, најтопло препорачувам Мадр Кер.
Да, Mothercare има само во Рамстол мол, ама не се баш евтини. @Yowannty како се кај вас со цени? Колку што се сеќавам цените беа по 2000ден за 3 пара шпилхозни.
@Kitten конкретно шпикозните ми беа подарок, имам 6 од тие по 3 во пакување и за нив цена навистина не знам. Нешто многу лични не се на изглед ама тие се најквалитетни од сите што сум ги имала. Буквално се пери носи. Еве и во моментов е во едни од нив. Јас шпикозни и земав од Marks&Spencer горе доле со цени се исто, ама на попуст ги земав, многу се меки ама се раширија на прво перење. Скапо е навистина, ама има попусти одвреме навреме. Последно и земав летно фустанче на попуст беше 13 евра и маичка на кратки за 3 евра. Фустанчето е доста материјал 2 слојно внатре, вториот слој има како фалти или како и да се викаат тие за да дадат на волумен. Зимската гардероба беше на пола цена. Вреќичката за спиење беше околу 19-20 евра, а по други продавници што гледав беа малтене или исти или поскапи, не памтам дека негде видов поефтино и баш се зачудив. Имам и хеланчиња и блузички есента маж ги зема исто по 3 пара, ги изнаносе, тек сега се кнап. Ние си следиме попусти. Затоа и сакав да наминам во Скопје да споредам цени.. да не е поевтино. А за квалитет ич не дискутирам.