Исто шишенце имаме! Маж ми вика супер е да не сум купувала друго. Му велам дека може 20 да купиме не се знае на малиот господин кое ќе му се допадне. А маж ми вели дека нема да сме купувале имало да го засака кое ќе му го дадеме Вели : “ако треба со сила, ама ќе го засака, не се ефтини овие има да ги цени!” Јас само се смеам и му велам дека тој прв ќе трча да купува кога ќе види дека бебето плаче и не му е нешто погодено.
Од каде термометарчето? За во вода е? Колку го зема? Има во кадичката што ја земавме кај мене вчера го пробав ама не ми е некако верно, сите се активираат и жешко и ладно и тоа во средина за таман дека е. Па си реков да си купам посебно термометарче.
Измешај ја убаво водата и пробај на подлактица ако ти е жешко ќе ја разладиш ,ако е ладно ќе додадеш. Ние така функционираме,најчесто е ок водата кога свети средното
Се опремив за секој случај со короната. Само немаше на Бебитол Омега и витамин Д па во зегин ми дадоа Омегамед. Дали се убави или да не ги отварам, да барам Бебитол? Зедов и 2 пакувања пелени и овошје и зеленчук да има за бебе