Не знам дали прашањето е за овде, ме интересира вие што купувате од Енци Менци дали имате беби клуб картичка? Јас се зачленив и ја добив при онлајн прва нарачка. Е сега за да собирам поени, дали мора да пазарувам кај нив во продавницата или може и онлајн да си купувам? Бидејќи навистина сакам многу работи да купам и автоматски со тоа ќе соберам многу поени кои се менуваат после за производи или вредносни ваучери.
Јас имам клуб картичка ,значи вака поените што ги добиваш на картичката можеш да ги искористиш исклучиво само за чико играчки и ништо друго ,јас собирав и на крај си земав чико точаче баланс за синчето .
Ајде ова нека биде девојче. Јас иако имав машко Велев женско е за мајка. Многу сакав. За второво на контрола околу 12 недела др ми вели машко е. Јас мртва ладна и велам ќе се смени др. Има многу време. Женско ќе е. И навистина кога дојде резултатот од НИФТИ тестот девојче пресреќна бев. Пред се здрави и живи да бидат.
1099 ден 7 бодиња. Околу 150 ден боди. Но квалитетот им е навистина убав. Имав земено 0-3, 3-6, 6-9 со долг сега 9-12 со краток ракав. Воошто не менуваат во перењето и многу убав е памукот. 120 ден е карго, но со с-ка од 1500 имаш бесплатна достава. И шпихозните им се преубави.
Многу се убави. Да прашам како стојат со броевите дали одговара бројчето според месеците.Пред некој ден приметив дека еден модел што имам купено го пишува од 0-3 месеци а друг модел имаше бројче од 3-6 па кога ги споредив исти беа.
И јас имам такви што се исти а се различен број. Овие точно одговараат. Макар што моево бебе е поситно, па сега скоро и се точни 6-9 а ближи 7 месеци. Синко беше понапреден и на 7 носеше за 9-12 месеци