А да. Возраст од 9 кг до 18, односно 4 години ако не се лажам. Цена беше накај 12 000и нешто денари. Гледавме повеќе па ми се помешаа. Со изофикс е. Инале имаше без изофикд од Чико и цените веа од 9000 па нагоре
Да ве информирам женски дека од 20-27 август ќе има Garage Sale во Рамстор така да може да искористите попусти за бебушките и за вас по нешто Инаку последно му купив на бебушко душек, моч пелена, постелнина, ноктарка со турпија и ножички, шишенце, цуцли2, топломер, термометар, кадичка за бањање
Препорачајте ми во Скопје од каде да земам Кенгур торба за носење бебенце? Гледав во Сити Мол, 4.000 денари беа. Незнам дали е скапо или ефтино.
Јас неодамна зедов во Енци Менци во Сити мол, chico 2500 денари. Имаше и по други продавници во сити мол и поефтини, сигурно не си загледал.
Анжи каде е? Јас патувам за Софија често. Незнам дали ми е поефтино таму или се исплати и тука да земам.
Анжи имаш на автобуската кај зелено пазарче, и поснабдениот дуќан е спроти Буњаковец. Ако често одиш накај Софија тогаш погледни на сајтот http://www.pakostnik.com имаш се и сешто.
Ние си земавме количка.Идеше во пакет со транспортер и торбица.Ептен ми се свиѓа,ги има и сите механизми што ги барав,а богами и солидна цена дека на акција.
Женски ќе ве прашам тука оти тука одма ќе ме видите. Каде може да се најдат спортски сакоа за машко 3 години сега наполни??
Jas zemav od bebecomfort City mall 2000 i nesto, ne mi teknuva tocno do kaj 2500 bese... Epten crvst kengur, so golem pojas za na polovina...
мамички дали бебенцата можат да користат масло,лосион,и пенлива купка од бекутан јас си купив цел комплет бекутан па ме интересира дали се дозволени тие производи да се користат на новороденче
Уште во болница ги капат со купки, јас сум користела за новороденчиња, но првите денови дома во водата за капење малку хиперманган и мачкањњ по тело, газе, лице за почеток само со павловичевата и јекодерм. Потоа постепено прво купка бекутан, па шампонче, па мнеко за тело и така..
Мн е се ова за бебе.Куп хемикалии.Лично бекутан како фирма не ги сакам воопшто но изборот е твој. Доволно ти е само сапунче бебешко,евентуално купка при бањање и толку.Ако нема проблематични(сува кожа) не би го мачкала со ништо.
сакав едно такво комплетче но доколку не го искористам сега ке го искористам понатаму малку рокот му е до 2018 година или ако не за бебето ке си го искористам јас