Ако можеш ќе ти препорачам да го смениш стерилизаторот. За многу кратко рѓосува. @Presrekna од каде сетот?
Од Охрид од тренд продавница. Мм беше по работа и ми ги зеде. Си ги имав видено кога почнавме со дохрана На металац се ги има во сите продавници за стакларии и домашни посатки. 1290 ден без малата Чашка. Таа е 250
И ја го имам истиот стерилизатор на Чико. Мене па ептен ми е погоден. Скоро секој ден го користам 7 месеци веќе.
Стерилизаторот мора да се чисти барем еднаш неделно.На дното во металниот дел за вода се става јаболков оцет и се пушта празен.Потоа се пребришува со влажна крпа или под млаз вода.Светнува ко нов.
Истиот сет го имаме и ние. Презадоволна сум. Со здравје да си јади куклата. Добри се месните каши? За син ми не користев купечки со месо. Добро е и јас да купам некоја резерва од месните.
Мислам дека тој процес се постигнува со пареата внатре. Нели кога се преврива вода, пареата што излегува е дестилирана? Ама претпоставувам можеш. Јас флаширана користам. Во упатството стои само редовно пребришување на водата што останува најдолу по користењето и тоа е сосем доволно. Со јаболков оцет еднаш неделно да работи стерилизатор чинам е премногу. Со оцет само 2-3 пати месечно го пребришувам металниот дел каде се става вода.
Фала ти Јас искрено не сум по месото, ама бебе јади. И ми е мило. Синко не сака месо. Кашиве месни ги сака. Имам 2 домашни пилиња И околу 1 кг телешко домашно. Ќе комбинирам периодов, не ми се зема од месара. Да не знаеш кога во Веро БТ носат бебешко телешко?
Не знам, немам уште земено. Ако одам деновиве ќе прашам. За син ми земав од месара телешко, од познат човек. И мене сега не ми се зема, па затоа те прашав за во теглиња. Пилешко најдов домашно, со такво ќе почнам.
Мајки, во Мала пажња имаат попуст на бодиња и лигавчиња, ѕирнете си Јас кај нив правев лигавче по нарачка, супер квалитет е