Јас нарачувам од фб страната Obleka po vash izbor-izberete brend и сум презадоволна 5 евра доаѓаат поскапи од прилика
@Yowannty мојов кога беше бебе му земав од Гв. Тами шоп се вика дуќанчето. Пред тутунска банка,одма до вип е дуќанчето. Кога ќе подразмине ситуацијава прати ја мајка ти,би требало да има.
Тоа едно мало збиено што е карши рекорд? Добро не е баш мало ама е преполно. Таму и изнакупив парталчиња уште трудна, пред да се породам ама ете бањарче ич не погледнав. Баш да се смири ситуацијава ќе ја пратам мајка ми. Фала на инфо.
Да не ми беше стаена сликата. Прoверете дали рабoти Waikiki вo Point бидеjќи тoа не е затвoрен тргoвски.
Добар ден едно прашање кое бројче купувате боди ,такви работи за новороденче ? До оглед на ситуацијава дека оди преку нет сакам да порачам фала
Имаш од 0-3 месеци. Јас така нарачувам. Сега нешто летно кога земам од 3-6месеци. Општо и за другите работи така земам. За новороденче мислам дека беше 56, некои облеки така се означени.
Зависи колкаво е бебето. Мене уште бремена ми велеше др дека е мало бебе. Јас палчица си ја викав. И навистина ситна се роди. 00 големина односно 50см и беа огромни. 45 см се роди. Сега ближи 8 месеци за 3-6 месеци некои работи и се точни. Некои почнавме од 6-9 м да носи. Последниот пат на контрола пред месец и некој ден 63 см беше.