Од каде е, која димензија и каков состав ☺ . Во потрага сум по тепих за во детска ама и за машко и за женско ☺ па да е квалитетен па да не се познава многу, да се чисти лесно и еве децава чекаат 3 месеци
Од каде спаваќата? И колку ? Јас не знам после породување за во болница дали да носам спаваќа или пижами
Јас планирам да си носам и спавача и пижами па што ќе ми е поудобно тоа ќе си го носам,а пријателки ми имаат кажано дека по практично било спавача Инаку ја купив од Nena Exclusive-Maternity 1.400денари комплет,а имаше и само спавача без наметка 700 или 800 денари не се сеќавам точно. https://www.facebook.com/498822586957706/posts/1485806001592688/
Тоа да, ама и спаваќите се со копчиња. Мене ми е ако ме сецнат долу,а сигурно ќе ме сецнат,како ќе функционирам со пижама..а од друга стана па со спаваќа ко гола ќе сум
Нели мора да си со спаваќа И царски и природно да си треба да си на изволте за докторот Според мене многу по практично е спаваќа за тоа и ја практикуваат секаде барем во мк.
Спаваќа, долу треба да се 'луфтира' за побрзо да зарасне раната. Плус ке менуваш влошки на 2 3 часа, а може и да протече. Да не те плашам, никогаш не се знае дали ке завршиш на итен царски, а за царски пижама е ептен незгодна опција.
Видете во Аспром има многу убав избор на теписи за деца. Има со ѕвездички, со мечиња и многу други, не се класично розево/плави туку баш одговараат и за машко и за женско. Не знам што материјал е, ама мек е и лесно се чисти.
Најискрено не ви требаат пижами. За природно раната треба да е отворена, за царски катетар. Како и да се породиш крвариш и е попрактично спаваќа. Плус, на визита доктор гледа рана, боцкаат у кук, ќе кренеш спавача и толку. Пижами дур соблечеш...
Мене ме шиеа,мислам дека јако распукав.Само што ме однесоа во соба облеков пижами долни и горе маичка со длабок V израз.Спаваќа ни болничка воопшто не облеков. Носев мрежести гаќи и дебела влошка,немав гајле.
Ти беше тешко со пижамата за облекување,соблекување, прегледување на раната? Јас не знам кого да слушам. Сестра ми ми вели подобро е спаваќа, баш како членките погоре што кажаа. Мајка ми вели пижама, вели не дај боже инфекција да фатиш. На државно ќе се пораѓам, не можам да знам колку ќе е чисто таму.
Не,ич.Дури одма седев и со скрстени нозе.) Раната не ми ја прегледуваа,само еднаш ми се чини,а ме притискаа кај стомакот за да проверат позиција на матката мислам. Ти имај си и едни долни пижами и спаваќа па ке одлучиш на лице место.Или ке ти донесат од дома,не се секирај ич. Една финта да ти кажам за раната ако се породиш природно. Јас добив од болницата,во Мк не знам дали даваат,имај си едно шише од оние како со цуцла,мислам “Јана” вода имаа со такво,и секогаш кога ке одиш во вц(мала нужда) наизменично истурај со претходно наполнета млака вода.Фактички испираш истовремено ама нема да те пече воопшто И едно пакетче влажна тоалетна или марамици за интима имај оти тоалетна и засушена рана се лоша комбинација.Само суши на крај,да не оставаш влага.