Се заљубив во првото комплетче, нешто такво сакам за излегување од болница. Од каде е купено, ако не е тајна
Да не може да се одолее на бебешки стварчиња. Се што ќе видам ми се допаѓа и сакам да купам Стомакот ми ѕирка малку на сликава, ама не е битно
На кого му зборуваш за купување јас се губам. Се нешто ќе видам, маж ми само ме кара. Сега нарачав 6 траки за коса, со доставата се вкупно изнесува околу 850 ден. Нема да ми даде да ги купам, па му кажав дека има акција 1+1гратис за 450ден, другите јас ќе ги дадам. Пусти мерак се да и купам ахаха Инаку од Hazkids мајка ми го нарачала.
Фала, многу се квалитетни нема да згрешиш Ти пишала членката од Tiny baby shop, за два дена ми стигнаа
Веќе 8 и пол месеци претежно ги носиме истите бодиња од tiny baby shop. Преубави се и квалитетни. Ги има во многу дезени
Сваќе ти пишав во друга тема за бодињава ама не ме причита изгледа. Кажи ми дали точно одговараат за месеците бројчињата? Сакам да му порачам неколку па да знам кое бројче.
Леле сваќе не замерувај, јас стара не догледувам дури сега со пребарување на постовите твои се најдов. Не видов нотификација. Инаку да, одговараат големините. Еве носиме 6/9 моментално. И порачав 9/ 12 со краток ракав точни ќе И бидат за месец два. Шпихозни имам од таму 9/12 во нозете и се долги но мојата е покуса така да ок се бројките. А памукот им е убав. Сто пати ги имам испрано и исушено во машина не се воопшто променети. Еве ми @Mia Fuentes имаше земено од таму нека каже искуство Инаку и така почнавме муабет, дали зетко го опремивте со трицикл? Да не го мислам. И ние сакаме да земеме. Ги разгледав сите можни продавници. И на либерта, локо кроко најмногу ми се допаднаа. Има И во енци менци но посолени се. Ај пиши ако зедовте каков И колку пари. Јас се мислам меѓу два од 7400 И 5800 ден Поздрав И гушни ми ја најубавата пуканка.