Женски може ли да ми кажете кај низ Ск има продавнички за бебе ,не сум од Скопје па денес ќе идам па да разгледам(за облека) .Фала ви
Од интернет е нарачано,конкретно од Заландо сајтот кој го има во многу европски земји.Не сум во Мк иначе
Сите исто се дотерваме значи Мојава носи 9-12, ама кнап и се, уште малце нема да и берат Во март кога ми стигнаа и беа нормално покомотни. И јас нови ќе порачам се мислам за поголеми ама нареден број да не е многу голем
Е ај да му нарачам и јас, остана без боди ништо веќе не го собира. Ние се одлучивме за тие од Локо Кроко моментално се на попуст од 5290 на 4290. Ги видовме, и ептен ми се свиѓаше. Да и земете и на снашка па заедно ќе се возиме Гушки до вас.
А каде има аутлет Ваикики? И јас сакам да испазарам летна облека за малава. Инаку колку е слатко се што сте купиле. Со здравје да си ги носат бебушките. Едвај чекам да помине корона ситуацијава па да има и за каде да ги дотеруваме, за дома не ми се дотерува по 2 часа е за во перална цела облека директ сосе неа