@koritsaki женска, ти знам нарачуваш од H&М, ме интересира околу бројчињата како се ориентираш. Сакам да нарачам некои работи а гледам бебливе исто високи ни се. За оркестра секогаш земам доста поголеми на пример, ама ваму не сум нарачувала до сега.
@Yowannty од ХМ сега за лето што и порачав некои алишта и земав бројче 80. 80 е за 9-12 месеци. Единствено купачи што и земав и земав бројче 74/80 , сакав да и биде баш точен
И овие од 9-12 како и се? Не се мали? Ја дека честопати поголеми земам по продавници затоа не знам онлајн како да се ориентирам. А купачи од хм зема? Баш сега ги разгледував многу се слатки и имаат некој попуст.
Не , не се мали , до август-септември верувам дека сите алишта ќе ги изнаноси. Поготово фустанчиња не сакав да земам поголеми (по 80ката иде 86) , ќе и се ептен преголеми. За Оркестра да , и земам алиштенца за 12 месеци и поголеми (последниве 3 месеца и немам ништо купено од таму поради тоа што продавницата им е затворена) , општо на Оркестра им се чудни броевите. И купачите од ХМ ,да. Има ептен убави работи поготово за децата од оваа возраст
Еее фала. Токму вакво инфо ми требаше. Иначе од оркестра носи боди за 18 месеци. Ептен се чудни. Ама имаат убави работи. Отвараат во понеделник.
Моја сугестија е да не ја користиш пудрата, реално нема потреба. Јас не ни купив пудра, па синко ниту еднаш не се вцрви на газето. На секое менување пелена мачкај со павловиќева и доволно е. Поточно, се има вцрвено кога има запек и се напнува да кака, ама тоа најчесто се случува кога ке почне со цврста храна. Мачкам со веледа во таков случај и решен проблем.
Фала ти Се мислев за пудрата искрено дали да ја земам или не. Ама ај реков за секој случај Ќе ми го сликнеш тоа од веледа, да знам ако има потреба какво да земам?
Ваква е, околу 500 денари е, ама споро се троши, мачкаш по потреба. Земи си ја обавезно, можеби ке се вцрвени газето во 10 навечер, да не трчаш по дежурни аптеки во ниедно време.