Фустанчето го земав за изнесување од болница, само уште да најдам некои штосни чорапчиња, бидејки најмалите балетанчиња некако многу ми се скапи.
Вo loco croco да видиш какo да сум гледала дo каj 300 ден.. И jас jа изнесoв сo чoрапчиња малце пo свечени
Ѕирни во Џамбо што имаат од обувки за бебе, не се повеќе од 250 ден. За првата ќерка на времето купив балетанчиња бели чипкани за некоја смешна цена. Но имај на ум дека се големи за новороденче, а всушност кај нас и нема пасент бројче обувчиња за толкацко бебе. Или чорапчиња од оние со чипка околу глужд, буквално во сите чорапари ги има. Во Сара фешн се 50ден.
Земав од локо кроко ама големки се мислам смешна ќе е во толкави Во mothercare има ама не ми се дава 1000 некако.
Леле колку е убаво фустанчево од кое ваикики го зема и дали имаше уште и јас сакам некое фустанче за изнесување од болница
Го земав со сити мол, штом го видов се заљубив Само ќе ви кажам доколку купувате од ваикики да си ги проверувате фискалните. Јас обично тоа не го правам, денес земав и едно кебенце на кое стоеше цена 199 денари, дома гледам на сметката 350.