Кога ќе го пратиш таткото на бебе до загин по месна каша и до дм по пелени. Да имало ќе се најделе Чевлиња и играчки од Мама
Жени од Babyshop.mk од комплетите ( органски памук што се ) дали сте нарачувале и како сте задоволни? Фала
Има некои посебни од органски памук? Јас зедов комплетче за од болница од кај нив, само 100% памук (не пишува органски) и антиалергено, така го декларираат,турски им се производите, многу убав памукот изгледа, мек и пријатен на допир, ќе видиме како ќе се покаже.
Не знам за hello baby, ама Зегин имаат облека демек од органски памук, organic kid се вика. Вака не е нешто посебно различен од другите, квалитетни се работите вистина, ама и од тритекс боденцата се топ
Не, на антиалергени мислев. Органски зимав од Зегин. Се испомешав веќе И јас сакам за од болница до дома да земам комплети, па затоа прашав. Фала на одговорот
И Muppetkids имаат интересни комплетчиња, бодиња имаме земено од таму и тие се убави. Денес мислам дека имаат 15% попуст и бесплатна достава, се извинувам ако звучи како реклама само сакав да споделам на инстаграм што видов, можеби некој ќе сака да искористи попуст.
@monka_bonbonka јас зимав комплети убави се памукот пријатен на рака ,сега колку навистина има органски памук незнам ,производите се турски ама доста квалитетни .
Ќе земам комплети, па ќе видам какво ќе биде времето. Од една страна сум за тоа дека на нас ако ни е топло и на нив им е, и ја имаат истата температура..но па и кревки ќе бидат за по прерамка на пример .. затоа сакам комплетчиња, па зависно од времето.
И јас само овошни гледав. Овие ги купив од Зегин аптека. Првпат ги земам, незнам какви се.. Моево повеќе сака зеленчук, и јас мака мачев да најдам.