Само да ви кажам кај толку мали бебиња не се препорачува чистење т.е влечење со аспиратор .Прсни само со спрејче сами ќе се исчистат .
Не се чистат сами, посебно ако се многу и бебето не може да дише. Бебиња со царски многу често имаат мрсули во носето и тоа баш големи количини. Многу лесно излегуваат, ко влечете внимателно нема да ги повредите.
Колку пати е пишувано за ова на темата, не знам и јас. Не, не се чистат со аспираторче и не е за секојдневна употреба. Слузокожата кај бебе е толку тенка, што лесно може да им пукнете некое капиларче и да направите бељја. Доволно е да се става физиололошки во текот на денот, или навечер, да биде влажна слузницат. Кога кивкаат , излегуват тие суви мрсулчиња. А аспиратор се користи кај мрсоли кои се лепливи, густи, како од инфекција, настинка. Додека кај бебињата се далеку од вакви. Нормално е да хрчкаат.
Синко имаше густи и лепливи и не можеше да дише. Без да ги извлечеме не можеше да дише. Брис е правен неколку пати и е чист.
5 пати редактирам, интернетов катастрофа... Конечно нешто му купив. Греови ова бебе, со Константин пазарев од 3ти месец...
99% од мајките го прават тоа за второ. за прво сме лигли. за второ сме практични, знаеш дека се може у еден ден да се купи
Па имам се. Башка позајмив на "другарка" , куќна кажи ја, денес и се јавувам да ми ги врати сите до 6м. ми вика " аааа им дадов на братучетките, ја не знам што е твое, си памтиш ти?" Еј, како како ми се свртеле, наредно ќе купам пиштол. Гледаш ли не бива да си добар со човек?
не се нервирај. јас раздадов за ептен мали ама имам скафандери јакнички се тоа... што ти треба, знаеш
Фала мила. Решив овој пат се да си купувам за Константин и да чувам за Мика да не давам. Направи го и ти тоа. Никој никогаш фала нема да ти каже, сепак вредат нашите потрошени пари ,а не како орос*ија некој да ги раздава без да те праша. А ти си била САМО ЧОВЕК, во ова нечовечко време.