Убаво си пазарила во Џамбо, со здравје да ги носи баткото кога ќе пристигне Само да ти кажам после неколку перења се растегнуваат и не личат на ништо. Зборам за бодињата,и јас се залетав.
Се знам ,имам и од Константин нешто останато, ама не се лоши. За разлика од Локо Кроко што се што купив ми се уништи. Испаднаа нитни и сл. Најубаво од Стружанка ми било до сега
Јас па две за новороденче од Локо кроко што земав ептен ми се погодија. Тритекс се најдобри, ама за тие пари од Карамел на бит пазар ќе купиш 3, а материјал да не речам сличен Исто ѕирни си и во Венис на Breezee има по 120 денари,ако ти фалат уште
Ќе ѕирнам, да видам прво што ќе ми врати золва ми. Имам дел и кај неа, бар она ми ги чува. Не сакам да се трупам за џабе. Знаеш бебенца колку носат. Ама сакам. Убаво е новко. Златца наши нека се здрави и живи само. hug: Фала ти на совет.
Ништо злонамерно ама јас кога давам алишта ако сакам да ми ги вратат после тоа напоменувам дека ги позајмувам. Исто и кога ми даваат ако не напоменат не ги чувам може да ги дадам понатаму или ако се скине или распара и се исфлекува после може да не се пере тоа - фрлам сепак ќе биде носено веќе од две деца не можам да очекувам дека ќе остане во иста состојба.
Јас давам на една пријателка и имам кажано да не се потресува ако ги флекоса или искине неколку, ама секогаш ми ги враќала како ги надраснувала малата. Тие алиштенца се толку малку носени што може 5 деца да ги носат, ако се добар квалитет.
Се стопив значи. Со тоа од Картерс ќе го изнесуваш од болница? Јас нарачав неколку од Картерс, треба на другарка мајка да стаса од Америка на 2 јули, се надевам нема да и откажат лет. Друго ништо немам хаха А за давање, од син ми дадов на 3 места. На другарка, ми ги врати плус со облека од нејзиното, на снаа за братучед, ми ги врати. И на тетка ми (на мајка сестра) за внучето, значи најмногу им дадов 4-5 големи кесиња и ни ми ги вратија нит па спомнаа. А сега со коронава не планирам да им ги барам (не живеат во мојот град) Тоа е.
Искрено, нит давам ниту сакам некој да ми даде. Колку можам ќе си купам и тоа е тоа. Имам многу облека од големиот, од мерак ќе му купам уште нешто новичко.
Исто, можеби ќе земам од внучка некое алиштенце кое и е омалено, и не го носи, а е здраво. Но ако дадам сепак е бебе, може да се флекоса, нема да очекувам да ми ги вратат.
Никогаш повеќе нем ништо да дадам. Имав од кого да земам ама си решив за прво дете се да си купам. Дадов некои работи на кумашините леле луѓе 3 пати им се јавив за да ми ги вратат. Прво 2 години ми ги држат, преповивалната ми викаат ИЗВИНИ УШТЕ ЈА КОРИСТИМЕ! И јас на тоа викам ок ЈАС ќе си купам нова. Нит давам веќе нит ништо, извадив све за второ бебе, друго спакував и ако треба нека скапува на никој не помагам веќе. Сум дала брдо пари за облека сеа за второ гледам да сум практична.
А баш ќе те прашав зошто да се ставаш во трошок кога вторите деца се баш економични посебно ако се ист пол. Штета што постојат такви луѓе што не враќаат Не давај веќе ништо од големиот, чувај си за малово Леле Ели незнам како си издржала на оваа дрскост Не би преќутела, за нешто мое што им е дадено на заем па посебно ако е скапа опрема. За бодија и шпилхозни не би се замарала, ама за преповивална!? Дури не ми е јасно како ја користат 2 години кога тоа е веќе големо дете кое можеш да го пресоблечеш било каде, а плус до кога планираат да ја користат? Додека не наполни 15? Јас додека не се роди второво не сум дала ни парталче. Бев себична и не нудев. Но после раѓањето на втората ќерка се родија многу бебиња на другарки и братучетки и све раздавав. Некои беа расположени да ми враќаат работи, па како враќаа јас ги префрлав кај друго бебе Мене само ми зафаќаат простор, ќеси имам купишта од две деца, едино што мора да ги чувам од големава за помалата. Друго све давам. Опремата ако не е уништена си ја барам назад. Или ќе ја продадам (зависи во каква состојба е) или ќе ја поклонам во оние групите за некој што навистина неможе да си приушти.
Абе бог да чува, разни ги има. Третиот пат веќе кога се јавував грутка имав од срам во грло да си побарам нешто мое. Требаше да се искарам со кумашини, што можев да правам. Супер е што ти се девојчиња, ќе искористиш. Искрено сега кога отворив кесите од првото кога видов и работи со етикета, а све брендови си викам кај ми бил паметот да фрлам волку пари. Второво здравје ќе ми биде машко така да не можам многу да искористам, а толку сум љута на никој ништо неќам веќе да дадам.
Мене па пола и повеќе гардеробата ми е од Локо Кроко. Се ми е со супер квалитет, месеци и месеци ги носиме. Не правам реклама, сакав да споделам.