Да ве прашам Зара во Мк само во Скопје ли има, има ли опција за онлајн нарачка? Искуство со облеката за бебчиња од таму?
Зара има само во сити мол ,и нема онлајн нарачки за Македонија во Зара .Јас бев минатата недела ништо нема да знаеш се разграбано за бебиња ама апсолутно ништо нема .
Да само тамо. Фина им е облеката. Не е скапа и фенси е. Посебно па за девојки. Не е лоша ни на квалитет.
Модерна, за ако сакаш да ти е дотерано по најнова мода Зара. Не знам Ск каква е робата ама странство е исто како за големи.
И на тебе и на детето му се големи? Оо сигурно голем број ептен имате земено чим и на тебе ти се големи освен што му се на детето големи.
Се јавив, ми ги проверија шифрите, ниту една нема од работите кои ги сакавведнаш се се распродало. Вие што сте од Ск барем можете веднаш да одите, ние од страна дур разбереме за распродажба, се отишло
Вакви шорцеви со маичка комплет во ovs има околу 600 денари мислим. Јас земав и супер се. Има тегет, жолти.
Да бодињата се од Џамбо, и јас имам земено и мене ми се собраа после неколку перења А вака убави изгледаат. Има од 130, 150 зависи не се скапи
Верувај не сум мрдната баш од дома посебно не по трговски Да сум во помало место може би отишла да му купам нешто, а вака додека се организирам кој да го чува, па да стигнам до сити мол, гужви... Комплицирано ми е. Иначе, пред да се породам му купив бодиња од зара, памукот е преубав, омилени ми беа и само пери носи. Кога ќе се опуштам со короната ќе одам пак нешто да му купам.
Знам дека и вие не одите често, ама ако има распродажба бар ќе пуштиш некој, да претрча набрзински. Ние додека се организираме завршила акцијата
Од тато- порачал на интернет за ќерка му Од тете, тетин и дадичка поклонче п.с.занемарете ги играчките одоколу, внука ми аранжира околу релаксаторот
Јас ја инсталирав нивната апликација на моб и за тоа што ме интересира си отварам и пратам цени. До сега се што ми покажало на апп во однос цена и бројче дали е достапно било точно. Бодиња имам купувано повеќе пати и сум задоволна, јакна исто задоволна, а од блузички од некои да, некои не затоа што им избледе бојата. Бодињата се исплатат и да не се на попуст, а за други работи си чекам намаление.
Која апликација е? Глобалната на зара или има наша некоја? Барав ама не можам да најдам ако можеш пишти ми принт скрин како изгледа на плеј стор или линк