Зависи до детето. Плус од 12м до 18м може на детето да му порасне за 3 броеви. Неможеш така да се ориентираш.
Ти благодарам мила Квалитетно изгледа, досега се што сме зеле од Енци Менци се покажало навистина одлично.
Сега баш отворив на веб страната нивна имаш и цени и гледам голем избор имаат..како што гледам со цени с епонормални од Тач и Mother care
Mothercare се скапи кај нас, јас во Грција купував имаше попуст да ама и без тоа е малку поевтино. И имаше далеку повеќе избор.
Тука се сега на 50%намалени и парк чаршавчето од 3000 на 1500 намалено и на попуст пак ми е многу. Постелнина со чаршавче со навлака за перница без оградици 6000. Вака материјалот не ми изгледа ништо подобар од на пример стружанка или енци менци..може грешам. И јас си планирав се од грција да изнакупам секако е поисплатливо и плус на тоа Duty free...ама ј догодина А како се движат вп грција? Гледав во англија веб сајтот 80 фунти креветче што е тука 200еу
И јас така во јануари бев за попустите и доста ствари купив. Во H&M ептен добри и евтини ствари имаше. Тогаш не приметив цени на поголемите ствари зашто по облека бев ама на пример 3 пара шпикозни беа околу 20 евра, а тука кога се вратив баш отидов да видам 2000 ден беа. За старт реално ти требаат само чаршафи, не фрлај пари за ништо друго. Ни оградици, ни плетенки. Ставив оградици и ги извадив. Види ја оваа страна, прават по нарачка. Немам нарачувано ама ја фалат. Едит: И од Стружанка можеш да си земеш, јас од таму купувам за спалната супер е материјалот и по 600 ден се.
Да стружанка ми е следна и јас се размислувам за оградици што ќе ми се ептен ако стружанка има некои комплети би земала. Знам и Памук Пале во беверли имаа квалитетно само треба да видам и тие да не се занес. И ајас исто си се надевав на HM па и имаат во редот на Космос доста бејби аутлети со стварно евтини облеки и се од опрема. За внук ми се од таму сум му зимала и од Лидл кога сум начекувала шпикозни по 1еур исто 100% памук супер квалитет
Не се од тука купени неможам да ги заменам ..ќе ги поделам кај бабите како што спомна членката погоре па ќе имаат и двете да го занимаваат
Дали некоја нарачувала од www.zazu.mk страната онлајн. Бендисав неколку работи, ставив во кошничка но чекам искуства, дали сте задоволни ако сте нарачувале? Не ми враќаат во соодветната тема, па да прашам и овде
Золва ми нарачуваше, задоволна е, за 2 дена и стасаа. Ако си од Ск имат дуќан кај Коктел бар во центар.