Да да, од кај нас.. освен ова, бебешко имаше 2-3 бодиња женски и толку. Ништо останато.. Рекоа ќе добијат нешто деновиве, ама само летно. Јас пошто го чекам да дојде во Октомври, барам есен/зима
Ке имаат слични во зара и со долги. Синко имаше долги, 9 12 големина, многу се пријатни. Секоја сезона вадат вакви бодиња, можеби не со ист ама со сличен принт сигурно ке има.
Ајде нека направат онлајн нарачки во Зара и ние надвор од Скопје да можеме да купиме вакви слатки бодиња
Се е од Зара,освен белото кардиганче. 90% од облеката и’ е од таму.Јас сум презадоволна од квалитетот.Е,имам многу избор овде и нарачувам онлајн,па сега со попустот сите парчиња се по 5-10 евра,и нарачав доста и за на есен. За онлајн во Мк,треба да имаат огромни залихи како и сигурен систем на достава,за сега само Карго функционира,како и начинот на враќање на продуктите кои не одговараат(мислам дека ова ги кочи),оти ке настане хаос.Треба логистички центар,а има само една продавница со ограничен магацин.
Истиве овие ги гледав, и се јавив да проверат дали ги имало, и да одам за Ск да ги земам. Ништо немаше од акциите, јас незнам треба да спиеме пред продавница за да си купиме уште првиот ден
Бев јас пред 1 недела немаше ништо бебешко ни шпикозни ни бодиња и рекоа летно во тек на месецов ќе добиеле а за есен тек крај на август ама се им зависело од ситуацијава.. @dunika тебе ти се од страмство негде? Овде ако нема попуст занес се со цени а бебешкото во солун е доста поевтино
Имате во waikiki за бебиња мн убави работи؛ Јас барав за девојче еден куп боденца по долги и кратки земав, шпикозни од органски памук имаат исто؛ На нешто има попуст ама и на тос што нема се ефтини, бодињата 2 за 350д а се преслатки؛ Мојата бебушка треба да пристигне крај на септември така да не ни треба летно ама ваму имаше избор и за есенско бебе
Ваикики има најквалитетни работи во однос на цена. Посебно бебешките шпихозни се преквалитетни. Цените им се супер, купував за поклон пред некое време, шпихозни, боди и капче се 500 до 600 денари. За 3000 ке се опремите целосно. И Џорџ бодињата и шпихозните се многу квалитетни, а најевтини излегуваат. За синко имам алишта од ваикики, џорџ, картерс, окаиди, зара, локални продавнички и можам да кажам дека ваикики се убедливо најквалитетни. Окаиди џемперчиња се растегнаа, ваикики не.
Да, ваикики многу ги потценуваат поради цената, а сите работи што ги имам буквално перење ништо не им може, друго сѐ ќе обледе, ќе огрди..
Ние со сопругот и за нас купуваме од Ваикики, за жал во мојот град нема, а сега со коронава не сме биле нигде .
Да, заради цената е. Џемпер од ваикики перен три пати почесто од џемпер на окаиди изгледа поново. Исто ги перам, температура, прашок се. И убави работи за око имаат, потценети се ептен. Така да, ако ви е битно името окаиди, ако гледате квалитет ваикики купувајте си.
Леле преубави работи, со здравје да се носат Не е фер што за машки нема избор ич, се едно па исто , а за девојче еден куп за дотерување, милина ..