На попуст е мустелата 20%, секако и тогаш ќе ги земев. Ама штом беа намалени, нека си стојат дома. Нема штета од нив. За облека и мене ми фалат уште работи.полека купуваме, а ми купуваат и блиските.
Мајки, вие што сте Германија и Австрија. Еве ви еден предлог како тати да го оставите без збор, како да му измамите солза на очи од среќа, поклон кој ќе му буди сеќавања на најубавите моменти од животот и кога ќе има 90 години, поклон кој останува засекогаш, не е скап, а е толку многу вреден. Беба прво ќе разгледува, па ќе слуша како тато ја успива, потоа заедно ќе учат да чита. Денес им ја подарив, не знаете колку емоции имаше. Сам одбираш како да изгледаат ликовите (по таткото и детето), имињата нивни се напишани внатре и се бираат приказни, на почеток од приказните можете сами да напишете порака. Еве само дел да видите.
Многу се убави. Јас неделава конечно купив т. Е минатата а веќе 38 терам. Планирам за викенд здравје да перам.
Женски кај можам да најдам бело шеширче за машко бебенце од 6 месеци,ако може и онлине да порачам? Тенкс
Сакам до mothercare да тркнам. Боденцата, шпилхозни и сл. најубави ми беа од таму. Маана му е што е во рамстор, кој не ми е уз пат и што ме нервира персоналот што работи
Јас се што купив од mothercare после неколку перења се развлече, рабовите се изместија... Ич не сум задоволна, а најскапо ги платив. Тритекс и Зара најдобри ми се покажаа. Од странство H&M и Name it. Персоналот
Мене па од Тритекс сè ми се распрди. Но пак купувам од таму, тенки и пријатни се. @kukla21 Сигурно имаш сè од поголемата дада, каква паника?
Извини се убацувам, ама предност е што нема жив петел да помине. Јас пред 3 ден скрос сама на цел спрат бев.
и јас имав планови за странство, ама немам веќе Можно ли е толку да им паднал квалитетот?! Мене најчитави ми останаа тие од mothercare, не мрднаа. Перени, сушени во сушара. Исти се. Тритекс ништо не ми се погоди и елиминирани ми се - ништо не земам од таму веќе. Не се иста сезона, бар не овие минијатурниве работи. После есенско/зимско ќе се најде нешто, ама за почеток нема да ја облакам во зимско. Дадата е родена малтене во декември.