Мене тие од картерс најдобри ми се покажаа. Перени, сушени на секој два дена, вчера ги гледав како нови.
Сфатив само дека додека е помало скроз нема поента да се фрлаат многу пари туку што поевтино. Толку изнакупував и јас и блиските што некои ствари не стигнав ни да му ги облечам.
Баш убаво. Моево некако многу брзо скокна со висината, сега дури му докупувавме нови зашто панталончиња не го собираа, боди имаше само 4-5 точни и тоа мајка ми што му купила поголеми. Ќе чувам за второ
Исто и мене од картерс како нови се,таман и сега за второво ќе ги искористам,башка и ист период ќе бидат родени.
Картерс за внук ми од алиекспрес порачував дури и исти им се моделите таму и тука кај нас. Исто со истата етикета како кај нас. Некои работи на алиекспрес беа упола поевтини некои па исто. Сега не би порачала ради ситуацијава ништо не ми стигнува..Чисто да знаете понатаму може да си порачувате
Кај мене за првото 2 торби големи нови имав со етикета. Транспортер куп алишта се подарив и сега за второ треба пак да купувам Замислете за првото свашта имав а најмалце бодиња. Тоа највеќе ми требаше. Моите ми донесоа едни од Лидл Лупилу маста им ја извадив и како нови се. Исто и нивни капчиња и чорапчиња Ни на Зара ни Хм не ми испаднаа толку квалитетни. Веќе и порачав на сестра ми само од тие да ми донесе предобри ми беа Е баш овие;
Мајка ми е луда за купување, не сум ни ја ништо поарна ама она.. секој ден со кеси полни се враќа, за мене, за малава и за маж ми. Страшно нешто. Почнав да вакумирам од малава ствари.. сватив дека пола од тоа 3 пати нема носено, а тек колку фустанчиња сега има за лето. Дефинитивно за новороденче работите не ги изнаноси ич, одма порасна.
Исто и јас со овие од лидл презадоволна и од бодиња и пижамките исцело , и летни и зимни 3г со ред се од нив зимам , ако начекаш порачај и др и имам зимано на малата и блузки хеланки се ми е погодено .
Lidl се најдобри и се многу евтини се нервирам што годинава не можев до солун да си тркнам и се да си искупам
Во Ваикики видов вчера а онлајн од Тила. Мене блиските ми купуваа поголеми работи. Некои работи уште ги нема облечено, дури на есен ке му се таман. Тие што беа со фискална ги сменив за поголеми, тие што не ми се допаѓаат ги дадов на друга виѓа и така. Најмали работи сама си купив, плус скоро сите ме прашаа дали да земат поголемо. Од мали работи му облеков се, не чував за никаде. Сега чувам затоа што лази и јаде, па да не го шетам нечист по народ.
Да, од зазу. За 2 дена ми стигнаа. Многу професионални, и мн убав памук се. А за од кали праќаат достава? им пишав, ме ставија на seen и не ми вратија, или од кога ќе се потроши робата ќе вратат. Кај мене на пример во мојот град нема кали продавници