Душичка какво е радости, арно ме потсети и јас имам вакво слично од првата ќерка, после ќе го извадам од подрум да видам дали ќе покаже интерес
Бил некој во карамел?! Бебето? Тие ми имаат убав памук, ама страв ми е. Ако бил некој да сподели како е со гужви, заштита...
Јас. Квалитетни се, не се собираат. Не потат. Пријатни за носење се. Многу работи имам нарачано од таму.
Да, и за големиот и за бебушот. Квалитетот е преубав, услужливи се и брза е доставата. Какви облечиња има за девојчиња, преубави
Ако функционираат како Fashion Group да се молиме 20 дена за замена на производ, ќе си речеш налет и купување и све. Цел свет онлине функционира ние уште не можеме да се научиме.
Здраво, нарачав на чико шпикозни, меѓутоа 56ките ми изгледаат големки за новороденче, па да ве прашам за почеток (првите месец дена) каде да најдам или нарачам шпикозни и боди каде се реални бројките? Благодарам.
Мислам дека не се големки, зошто просечно околу 50цм се раѓаат бебињата, а со памперс и плус широк повој ако ставаш ќе си се исполни шпикозната. Јас не знам, се мислам дали воопшто да земам 50ка некоја, за 2 недели ќе се смали одма..