Големки се бајаги овие на чико, ми делува дека 56ката одговара на 62ка. Затоа, сакам да земам и 56ки од друго место, само помали, за да сум снабдена за почетокот. Инаку, самиот памперс сега е со широк повој, па нз дали дополнително педијатрите препорачуваат широк повој како порано.
Carters. Јас за од болница и за првите денови, до 3 недели, месец им купував new born бројче. Многу гледаат да ги користат подолго, јас сакам точни да им се
Многу зависи колкаво ке е бебето. Јас знаев дека ке е крупен синко и најмали ми беа 56 кои му беа точни, три недели ги носеше. Не е исто бебе од 2 и бебе од 4 кг. Плус некои бебиња се подолги, на бебе од 53 цм најмалите бројчиња ке му се мали.
Плус што имаат мал избор за деца. Мислам дека воопшто ги немаат истите работи во продавница и онлајн. Пробав да влезам на страната на зара, мора да се пртетплатам, не можам да најдам опција да го скокнам тоа, не сакаѓ да ми го полнат мејлот со пораки.
Јас пробував да се претплатам, неќе. Едноставно сајтот не им работи. Еве со Окаиди имам лошо искуство. За замена ги барам повдќе од 15 дена, уште малку рокот ке истече. Па треба повторно каргото да го плаќам и фаќа ѓаол ипол. Македонска работа, не верувам ни ова дека ќе функционира.
Јас за мене порачував од фешн груп, од манго и спрингфилд поточно, задоволна сум. Три пати мислам дека порачував и супер се. Ама сега гледам го ставиле каргото да се плаќа, за порачка над 3000 е бесплатно, а им беше за нарачки над 1000 денари бесплатно, знам со сигурност затоа што порачав производ плус да ми излезе над 1000 денари. Една маица беше 600 плус карго не ми се исплатеше, вака две маици 1000 и нешто и карго без пари. Не ми се верува, класична македонска работа. Работите секако не им се евтини, па уште 3000 да порачам, за тие пари ке одам во продавница.
Да, ама ако треба нешто да враќаш да мењаш пак сам си плаќаш карго. Еве кај мене не креваа телефон 10 дена, маилови праќав, на вибер им пишував, џабе. Едвај ми пратија курир по пратката. Па треба да ја врати во дуќан, па после неколку дена ти носи поголем/помал број ако нешто мењаш. Абе цел месец со Окаиди се расправам. Налет си реков, никогаш повеќе.
Значи воопшто да не гледам веќе. Си најдов градник за доење, ама 999, па да направам повеќе од 1000, и за синко маица порачав. Кога отворив корпа да порачам, гледам над 3000. Смешни, не им порачувам, кога можам ке отидам да купам што ми треба.
Од тета и баба,баш имаат вкус И од тато и мама нешто, за цуфката Го заборавив и ова,мене ми е најслатко шпикозне кое и го одбрав, досега
https://kidling.mk/ Мами, ја најдов страницава, има некој нарачано книга од тука, како сте задоволни? Нешто слично како @Bubish26 што стави, персонализирано, ама не знам во македонски облик како е
Благодарам Мила,малку ја згрешив темата(требаше во Последно што купивме за децата)ама касно видов.И твојата кукличка со среќа да трчка со новите сандалчиња.