Сестра ми за внук ми тогаш од ваикики зема дали беа 400 500 ден баш така за на плажа само и плус гумени скроз за во вода дека во охрид беа и да не оди бос по камења
Ги видов мене ми изгледаат добри.А и Чико имаат добар квалитет според мене. Само многу му се поголеми моделите од колку што ги пишува. Јас порачав онлине за малата 14.7 и беа огромни, не му се баш веродостојни броевите.
После ке одам во пеодавница, ке ги понесам тие што ги има синко и така ке измерам. Плус сакам да ги видам дали се лесни.
Овие се од нас за синко за прв роденден Овие кумот му ги купи за крштевката Автомобилот поклон од баба и дедо И еве некои други поклони што добивме
Јас земав вакви за синко, околу 300 денари беа. Ептен се практични и за надвор и во вода. Не му се лизга ногата што е најважно и за камењата во Струга супер беа. https://www.lcw.com/en-UK/p/baby-boy-donald-duck-licensed-sea-shoes-0SN171Z1-CSN
Мислам дека во Рамстор ги има. Јас од Ваикики од Струмица ги земав. Не сум сигурна дали 300 или 350 беа.
Ќерка ми од чико уште носи 21 бр сандалки, а од сите други брендови носи 22ка, кај да е и за 23ка е. Така да, потврдувам дека им се поголеми броевите сигурно за 1 број.
Вие што сте со термини есен зима во Окаиди има преслатки капчиња по 400ден ракавички по 200 ден зборам намалени од 999 величини останати претежно за 3месеци. Само пред да платите убаво препрашајте си за цените. Ја земав чорапки на кутијата 200 ден ми ги наплаќа 400 демек завршил попустот а стојат на рафт за попуст. И на 3 ракавички исти величини модел различни цени...нешто се побркале.