Ги гледав во Бебе Хоум, но не можам да се одлучам која да ја земам. Сакав некоја поголема, па играчките што висат дали ќе може да ги допира или ќе му бидат далеку и сл. Ај сликни ми да видам која ја имаш.
И мене, ама мн слабо избор. Башка нема некој каталог/онлајн сајт да си разгледаш туку сликички/видеа што ставаат. Мн мразам такви "онлајн" продавници
Јас мрзам и кога не пишуваат колку пари се и какви бројчиња има, па мораш да им пишуваш за секое одделно.
Да сега баш ги разгледав. И бодиња и шпикозни нема, само комплети. Претходно дека за мојов нема броеви не ни погледнав баш. Има на некои цени, ама колку се ажурни незнам. Ај нови се може ќе се оправат. Баш штета штом ги нема на битпазар, стварно многу убав квалитет им се. Ептен ми се имаа погодено.
Не се изјаснав како што треба, мислев општо на интернет продавниците. Сакав да се надоврзам на муабетот од кукла, требаше да ја цитирам.