@Eli23 искрено првите 6 месеци не ти ни требаат чевлички, освен за ќеиф и шетање. А вакви топлинки за зимно време не се на одмет, и ние "износевме" неколку пара
Јас денес баш гледав која големина чевлички би му пасувале - кумот сака за крштевката да купи, а ние еве во 7 месеци му немаме купено Се надевам не згрешив со 19ка...
Мила јас го прашував ортопедот. Чевли кога ќе почне да проодува требаат, до тогаш никако. Може топлинки, калчулки, емитација на чевли, односно да нема ѓон, да биде само кожичка одоздола. Овие имаа функција да му држат топличко и ради естетика и мерак, а вистински чевли кога ќе почне да проодува надво за да го заштитат од повреди, да се боцне , да се исече. И тогаш пак да бидат меки, лесни, еластични.
Тоа секако, и мене ми се (и на кумовите) и сега само заради мерак, да не го шетам и есеноска бос во количка. Секако за исправање и проодување нема да ги употребувам, ќе шета бос или по чорапчиња по дома.
Vo Okaidi se okolu 2600, a brat mi na bebus od Ikea mu kupil za 20tina evra. Bi trebalo da ima vo Wenice I slicnite prodavnici.
Нашата врејка за спијање е ваква вие не знаете колку е практична и убава дали затоа што долниот дел е поширок и детето слободно може да си прета да се превртува,син ми цела зима си спиеше во неа без неа некогаш кога ке ми беше перена а не се исушила цела нојк немаше да спија убаво,сега уште го бери во неја ама уште е топло за врејкичка се надевам дека без проблем ке си спија во неја. Само кај нас ја нема мојата е од германија,кој има близок да му ја прати ич да не се мисли преубава е и практична.
@joy1 пиши срцка кај нас кајде да најдам квалитетни бебешки работи. Се некако кунески турски ми се. Стварно не знам кај да барам.
Ооо мацо јас во Гв мн мн ретко купувам,нема избор ич. Одам често во Тетово и купувам од Ваикики.Мн убави бои,модели и памук.И они се чинам турски бренд ама ептеннн убави.Од гв земам од Блесок на центар ама не се нешто посебно. Пиџами и бодиња од тритекс ми се најпогодени.Ги има во Сити мол. Картерс се преубави и преквалитетни ама посолени во цените.И тие се во Сити мол.И од Грчка земам од HM. Нивните модели ги имаш на нет. Тоа е отприлика јас каде купувам.Во гв дали се на се 10 пати сум пазарела низ годиниве,значи апсолутно ништо нема убаво.
Овие ми се допаѓаат http://www.triteks.mk/product/473/бебешки-панталони-0723/5966 Е сега ми треба помош со големиниве. Како се бира? Има некои табели, ама не ги баш разбрав.
Зависи за колку месеци сакаш, си ги има стандард бројчињата, 56 до 3 месеци, 62 до 6 месеци ,68 до 9 месеци итн. Еве ти табела на нивните бројчиња. Се надевам ќе ти помогне. http://www.triteks.mk/page/13/ Кај бебешка облека, ова висината е уствари бројчето што се бара.
Мами дали има продавница во Скопје во Сити мол со производи на Нук? Гледам повеќето ги фалат па мислам и јас да си купам шишенце, цуцла и др на Нук. Во градот во кој живеам слабо наоѓам нивни производи. И како им се движат цените, пример за малецко стаклено шише, цуцла...? А еве го и нашиот прв поклон од една тетка
Има во Сити Мол, Baby Blu мислам се викаше, на втори кат. Инаку најевтини на Нук стаклени јас земав од Џамбо за 350 денари.