Баш оваа комбинација ми треба сега. А да не знаеш до кога се на акција? Да знам дали да палам кола или од понеделник кога ќе сум на работа да одам.
Сериозно? Јас имам скроз обратно искуство. Хеланки број за 3-4 год. на мојава и беа точни кога имаше година и пол, а бидејќи сега ги носи и едно друго девојченце кое уште нема 2г. и на неа ѝ се веќе мали. Исто така за поголемата ќерка што е 6год. од Зара купувам 7-8 број. А од Ваикики обратно, приметувам панталончиња број 18-24 месеци дури сега за зимово ќе ги носи кога ќе има 2 и пол години (а мојава е високо дете). Големата пак од Ваикики носи број сразмерно со нејзината возраст, 6-7ца. Јас би рекла најдобро да се купува на лице место, да се види и процени величината. Многу лесно се прават утки во броевите, искуството ме поучило за деца да не купувам онлајн.