Со панталони ваикики и јас имам такво искуство. Само панталони купени, точни му се 12-18, а комплет тренерки 18-24 му се точни. Од зара 18-24 му се баш лабави, висок и слаб е. Сега проверив 18-24 од зара се за 92 цм а синко е 83. Од картерс исто така 18 месеци му се точни. Окаиди веќе имаат ептен мали моделчиња, 23 носи од таму, му стојат како 18 од зара. Тотално без врска се броевите, тоа имам да кажам. Онлајн од маалски бутици ни јас не порачувам веќе. Еднаш ми пратија помало бројче, а замената беше премногу комплицирана.
Леле уживам, списоци само правам и ништо од тоа што сум планирала ништо не сум купила. Уште се контролирам со купување. Искрено и цените тука ми одговараат, голем дел е на попуст до 90% и нормално мора да се искористи.
Од mamas & papas се @kukla21. Од сите брендови што купив, гледав овие не можам да ви опишам и материјалот колку е најубав.
Не, баш мали крпчиња кога ќе бљуцнеше, кога се лигавеше да забришам, кога ја бањав во када со нив ја триев многу се меки, кога почна да јаде ја бришев абе буквално за се. Практична работа за ич пари.