Овие ми ги зема сестра ми мене, од џамбото, по околу 30-40ден парче. Не беа заедно спакувани како не @Thallia, затоа ја прашав од каде и се нејзините.
Овие се баш пешкирчиња, а тие другите како мали крпчиња, тенки и големина отприлика 20×20. Се наоѓаат за забришување.
Да, исто и јас за тоа ги користев, едни како памучни скроз беа од Џамбо,а тие од фротир кога ќе подпорасне може и само раце и лице да се брише.
Мали се ама дебелки како пешкирчиња, јас од првото уште ги користам за во кујна сега И јас не најдов од крпчињата па земав вакви и плус вакви за на рамо кога го држиш.
Имам и јас вакви 2-3 од Џамбо ама после некое перење станаа многу крути. Јас имам 20тина фланел, вакви малечки, и после 1 година сеуште се мекани, а ги користам секојдневно, уз цицање, ставам ваква марамица каде што бебла го навалува образот кога цица. Многу практични и многу ги искористив и уште ги користам.
Од Џамбо се, извинете што дури сега видов да ви одговорам. Се прашувам зошто порано не си купив Инаку димензиите им се 25×25, мали ама многу практични, 250ден се
Јас имам вакви од Памук Пале ги земав, 25 денари една, имаше сини и бели. Го бришам со нив кога се лигави и кога бљуцка. Многу се практични. Лигавче не сакам да му ставам зошто си го префрла преку лицето.
Со ова денешно купување и секако од претходно за први 3 месеци сме спремни со облека А уствари со се сме спремни за првиот месец - козметика, пелени, реквизити, цуцла, шише (по едно ако има потреба), ќебенца, тетри... се се се Ќе кречиме и генералка следна недела и останува уште да реши да дојде малиот принц
Па плескаат тие сo рацете а мoже истo така и балoни да правиш имаат течнoст внатре. Играчката oд џамбo 400.
Да додадам на тема крпчињата од Џамбо, има тетри од ист материјал, по 4 во пакување, е тие ми се најкористена работа. Кој не си купил да си купи.