Колкаво е бепчето, си ја држи ли само Софи? Сакам да земам за синко, цело време е со рацете в уста и претерано се лигави ама уште не може да држи играче цврсто, ама гледав има комплети со мала и голема Софи
Ја пробав вчера, може да ја држи ама в уста пак прстињата си ги става, некако се уште не знае да си ја донесе сама до устата, изгледа рано е, два и пол месеци е беба мислам дека и твоето е тука негде
После 3ти месец ке ја држи поубаво,со подобрена координација на рачињата,па ке се ја префрла од едно во друго
И се брза на мајката да не остане Софи непробана Претпоставував дека е рано ама меракот беше голем. Битно слика имаме од првиот момент со Софи
Не се стерилизира, пишува во упатството, се мие со топла вода и благ детергент па така и ќе правам. Единствено се надевам оној мирисот на гума дека ќе се изгуби, баш ми е неподнослив
Мене близнаците ми ги обожаваат а и јас ги обожавам многу ми се практични во кола вртам како сакам по потреба
@Vanj4e кажи што друго ти обожаваат близнаците, некој совет што би било искористено и како се снаоѓаш? Поздрав
Мали се уште ,денес полнат 4 месеци,јас имам и керкичка 4 ипол год и многу работи имам од неа ама и многу купувам за двеве пиленца . Што би било искористено зависи многу од децата,големата ич не ми ја сакаше лулашката релаксатор овие и двете обожаваат да се нишкаат во него.Мене количката за близнаци ми е некако најнеискористена барем за сега. Надвор почнавме со мм во кенгири да ги шетаме. За чување со мм сами си ги чуваме и сме 300 на саат. Како раснат стануваат се понапорни ама тоа е
Душички мали. И јас имам син 2 ипол години има а сега чекам близначиња женски, па тоа се мислев дали да купувам количка дупла или да терам со едното во старата од син ми а со другото во кенгур. Син ми многу сакаше во релаксаторот па дали да купам уште еден за двете или доста е едниов? Во посебен кревет спиеја од мали или во два? Извини што те замарам со прашањава
Може и да не сакаат во количка да седат ни како бебиња ни како поголеми. Подобро е две единечни што се затвараат отколку дупла, затоа што да бидеме реални ретко кога ќе можеш сама да излезеш со нив. Ако не планираш да купуваш подобро позајми од некој уште една количка. Најдобро е да спијат заедно.
Полека не брзај за релаксаторот ќе видиш ако сакаат ќе земеш .Мене заедно ми спијат. Земав игрална 100см *100 см и си нарачав душек и сами си импровизиравме креветче. За се што те интересира пиши ми лп да не ја полниме темава со непотребни комрнтари