Тракиве ми се порачани уште кога бебе беше во меше и дознав дека е девојче(февруари -март) ,и стигнаа дури денес,капчињава стигнаа мнпгу брзо за 2 недели одприлика.Не ми изгледа дека дека стегаат вака лабаво делуваат.
Да се замешам ако не е страшна разлика во цена имаш турбани и тука на инста ktnmini е профилот 400 ден е еден 700 се 2 јас и имам до сега 7 земено на малава и одлично ги изработува девојката Во прилог имаш и слика..... Чисто ако ти одговара пошто да не чекаш алиекс..... Секако и тие горе се преубави
Викаат дека обично ако сакаш едно добиваш друго кај мене не се испостави така од секогаш сум сакала девојче и оп прво па женско Сега навивам за уште 2 една сестричка и братче.... Од девојчиња никогаш доста а и од дечиња
Аи и јас бев изгорена за девојче. Првото ми е син, ама за него знаев, чувствував дека е машко. За второво до скоро стравував да не ми сменат пол, но еве три доктори ми потврдија дека е девојче хах
Првото ми е машко, сеедно ми беше за полот. Другово многу сакав девојче, пред да ги направам тестот за бременост, ноќта наспроти празник сонував како се молам во црква ( велев дека ако сум бремена би сакала да е девојче) и палам свеќа. Направив тест и беше позитивен. Водена од таа мислам осеќав и се надевав дека е девојче. На контрола во 16 недела ми велат дека е 90% момче, онака го прифатив со доза на резерва и не верував искрено ама ич. Дури и на мм му велев абе грешка се не е ова момче, знам јас. На 21 недела на втор скирнинг ме гледа друга докторка и ме праша дали знам што е бебево, секако и кажав дека не знам. Па бебево ти е девојче, леле ко сум почнала да плачам од среќа. Длабоко верував дека ќе имам девојче и ете го носам.
Јас за првото сакав да е женско многу дури и матичната на два пати ми кажа дека е девојче и докторот во систина ме разочара малце коа ми кажа дека е машко ама сега син ми не би го мењала за ниедно девојче на свет тој ми е мајкина маза за второво немав желба искрено битно ми беше да е се добро само и уште во 9-10 нед ми кажаа дека е девојче ама не кажував на никој се до а Скринингот во 22 нед.бидејки дома се мушкарци во фамилија и сите сакаа девојче ,па сакав да бидам сигурна пред да ги израдувам
Леле бе луѓе денес значи ќе си пукнам, катастрофа ден. Креветчево што ми го купи свекрвами не можам во живо да го видам, ама на сликава ми изгледа како длабоко. Како бе ќе го земам бебето од овој кревет? па ќе го шивнам во вратот!! Ќе си пукнам еј не можам повеќе. Ми се плаче доста и хормонална сум!
Смени го сиурно може да го замените за кревет што има две или три нивоа. На ова неможам да видам дали има едно ниво погоре да се крени
Вака десно од страна се гледаат дупчиња како да има да се поткрене, али уште полесно би ти било ако се спушта и страницата. Така на највисоко ниво и спуштена страницата ќе ти биде најдобро во првите месеци. Јас со првото бебче го користев креветчето од сопругот како бебе кога бил, али не се креваше погоре душекот и немав опција да ја спуштам или извадам страната и многу тешко ми беше заспан да го легнам. Затоа сега за второво земав ново со три нивоа и да се спушта страницата.
Хормоните ти лудуваат, ама пробај да се смириш. Кажи му на маж ти да не експериментира, туку да го спакува, и земете си ново, какво што ти сакаш. Немој да се нервираш, немој да се секираш ради старите. Твоите чувства се најбитни. Ти треба да си среќна. Не плачи, диши длабоко, смири се. Бебенцето те чувствува.
Не ти го покажа пред да го купи? Не можам да разберам како без да се консултираат, купуваат на своја рака.. Инаку ми личи дека има нивоа.
Ми го покажа еве ја сликата од овој агол изгледа понаку. Проблем е што не можам во живо да го видам и многу се нервирам и си плачам. Вака кога ќе ми препукне ќе си останам Македонија и тука кај мајка ми ќе си купам креветче самата..
Се крева креветчето, има дупчиња од страна. Не си го тепајте мозокот со вакви работи, креветчето сигурно е купено со мерак, бидете поголем човек од онај кој не се сетил да праша какво сакате и најдете решение. Во федербау имаш душеци огромни се, високи мислам па можеш да ставиш такво. А на креветчево има дупчиња како што гледам. Не се секирај сега за овие работи, смири се, уште малку ќе станеш мајка, верувај ми ни кревет ниту постелнина ќе те интересира кога ќе го видиш бебуш склопен како маче во него