Нека бе господ само да ги казни вака што за глупости ме прават да плачам. Нема, не се крева. Мажот ми вика дека во дупки е закачена дршката за душек. А за дебелиот душек добра идеја. Како и да е нека си бара чаре мажот ми јас бебето во тоа креветче нема да го легнувам и да се пребесувам самата.
Не се нервирај. Можеш и најубавото да му го купиш па бебе да не сака да спие во него. Еве совет нека седи креветчето секако е големо купи си колевка помала или монтажно..
Да се договорив со маж ми кога ќе појдам таму да видиме, или ќе му руши дупки и ќе го крева или па ќе го вратиме. Ама дур не појдам јас таму ништо да не чепка. Тоа е.. А свекрвами ја знам што тип е, да заштеди на пари па купила и до 5 години да се служиме со овој кревет. Па и брат му го зезал на мажот ми "и женати може да спие во овој кревет". Ајде бе, мислам почнаа битките со свекри уште не родено бебето.
Вакво креветче и се зема за да трае подолго. Креветче не се менува секоја година. Јас користев малечко на тркалца за првите 7 месеци и потоа земав вакво големо кое здравје ќе се користи со години. И мене ме собира во него. На 7 месеци мојата седна и веќе ми беше страв да е на високо ниво и одма го спуштивме на најниско. И една година направи, сеуште ја спуштам долу и мачно е ама дур научи сама тоа е. Купи си помало креветче за да ти е попрактично на почеток, а ова секако ќе го користиш подоцна. Евентуално ако ова не ти се допаѓа, тоа е друга работа, тогаш земи си ново.
Да така е секако дека креветче не се менува секоја година, ова да беше на нивоа се ќе беше во ред ми се допаѓа не е лошо баш убаво дрвен кревет со завеса и со се. Мора чаре да се бара да се крене душекот,ако маж ми не сака да купи друго, јас нема да се кривам или па да го кривам вратот од бебето. Нека руши дупки нека буши, се надевам крај краева ќе се распукаат штиците од бушење. Добро не ми е пред очи маж ми иначе лошо ќе беше за него во оваа ситуација.
Ова креветче е многу добро, и на изглед а верувам и на квалитет. Јас за почеток имав лулка ама ја користев едвај 6 месеци. Потоа почнуваат да се исправаат и ти треба вакво креветче. И без лулка ке поминев. Хормоните ти се полудени, реално правиш драма. Едно е што свекрвата купила без прашање, ама не можам да кажам дека направила лош избор.
Лајк за комплетчето но не и за маската Оти му ставаш маска на бебуш? @BabyD0ll џабе се нервираш, креветчево не е ич лошо! Баш како што ти кажаа и јас ќе ти потврдам, од искуство, само за првите 6 месеци ќе биде потешко спуштањето во креветче, откако ќе наполни 6 дефинитивно ќе ви треба да е дигната оградицата за да не се преврти преку неа. На 6 бебињата веќе седат, на 7 некои и се исправаат. Биди си спокојна. Има и решение за да биде повисоко душечето додека е мало бебето, пример земете уште едно душече од некого (старо) на користење, и ставете го под новото. А свекрва ти богами и услуга ти направила што земала поголемо креветче, немаш осет уште колку брзо растат, дур се завртиш ќе мора нов кревет да купуваш Со мали деца сѐ е издаток.
ти ги сфаќам хормоните не ти ја сфакам нервозата фино лепо купи си ново ако не ти се свиѓа, верувај ми додека трепнеш ке треба волку ниско да е спуштено е до толку брзо растат.
А како така купуваат без да прашаат дали има нивоа или не? Абе дај им пари сами нека си купат. Сигурно немале намера такво да земат за да те нервираат нема потреба од такви коментари за нив и плус ти самата си го прифатила и од слика ти се допаднало. Стави душек или нека стои така. Следен пат кажи дека за било што сакаш ти да избереш. Ако прифатат арно ако не ич да не даваат пари. За тие пари има подобри креветчиња.
@BabyD0ll искрено, кога пиша прв пат дека свекрва ти купила креветче помислив дека има купено некое ич непрактично, старомодно да речам ама ова искрено мене ми е преубаво, ако има само едно ниво Уште стојам на тоа дека требало сами да си го изберете според вашите потреби ама тоа е што е кога веќе зела. За почеток може да си земете од оние next to me или како лулки мали креветчиња што се ако ти е проблем да се наведнуваш за да го ставаш бебе во ова креветче, ем ќе ти стои до креветот и ќе ти е полесно за функционирање, а ова ќе го користиш од 6месеци натаму. На крај краева, и најскапото и најпрактично креветче да го земеш, бебе може да нејќе да спие во него. Така да, не вреди да се нервираш. И мене ми имаат блиски купено некои ствари што не ми се допаѓаат, особено облека, ама нити коментирам нити се замарам. Ако ми одговара нешто ќе користам, ако не-нема и тоа е. Битно бебе да е здраво и живо, убаво ти пиша погоре една членка, ќе заборавиш на се кога ќе го видиш бебе во креветчето
Чорапчињата на амазон ги нарачав, инаку тропки се тоа напред, па можеш да замислиш што се дешава кога прета сензација ни се Играчињата од икеа
https://m.facebook.com/story.php?st...961387064102143&ref=m_notif¬if_t=onthisday Ќерката израсна во креветчето во кое јас и сестра ми растевме, сега и новото бебе спие во него, се што може да се купи со пари е ефтино и не вреди да се нервирате за такви работи.
Тоа е се во ред, креветчето е преубаво и ми се допаѓа. Некои тука не ме разбраа добро, мене ми се гледа креветчето длабоко, а сеуште во живо не можам да го видам и дали ќе можам да го спуштам бебето и да го кревам од таа длабочина. Ама се договорив со маж ми па ќе го средиме. Не сакам да ја навредам свекрвами и да купувам друго, а верувам и мажот ми не сака. Секако ќе најдеме решение или ќе го подигне погоре ако е длабоко иако нема нивоа, или па ќе купиме висок душек.