Веќе ја навреди бидејки ја исколна. Биди среќна некој што ти купил па макар и да не те прашала,бидејки има некои што не ни купуваат. Малиот мој спиеше во вакво,нит ми беше тешко да го спуштам и кревам а бев со царски. После 6 месеци почна да се мава и глави и земавме монтажно.
Тоа си во право, грешка моја, ќе се извадам на хормоните.. Па нека ми прости Господ. За тоа дали е длабоко ќе видиме во живо, може и да не е проблем, јас сум ниска 1.63 па ќе видиме.
Хормоните де чудо. Јас кога се породив немав спремно за од болница бидејки не фати порано. Почнав да бирам од интернет,но свекрва ми кажала дека ќе купи она. Кога почнав да плачам кузнае што ќе донесе па дали ќе биде испрано. Оно поубаво неможела да одбере а беше и испрано и испеглано.
Лелее преслатко . Абе за девојче какви работи има ееех. Претпоставувам не се од мк работиве. Второто јакниче ми се допаѓа, сакам машка верзија таква за бебе
Не се да ама во прашање е Зара, Бенетон и Окаиди, така да можно е и тука да има. Јакничката ептен и мене ме бендиса оти дебелиот дел се вади и испаѓа тенка јакничка за сега овај период.
@Kitten аи таман работа на бебуш маска Таа е моја, си стои тука закачена, не ја тргнав пред да сликам Бев денес до ваикики и некој нека ми објасни зошто за девојчиња има еден куп облека, а за машки ништо ? А овие се за поклон
Еее и јас тоа стално се прашувам, не само во Ваикики, сегде...а двајца каубојци имам дома...ќе им купам нешто ама ништо не ме воодушевува кога ќе го видам, и нема избор, нема уаааау ефект. А за девојчиња кога ќе ги видам абе да не знаеш што попрво да купиш, се топам кога ги гледам
@BabyD0ll не се нервирај не вреди. Убаво кажуваш и мене на слика ми изгледа големо. Што димензии има? Убаво ти вика Хепи купи си монтажно има евтини низ МК и лесно можеш во авион да го однесеш чадор систем се. Отиди си дома спремна а креветчево крај краева ќе спие понатаму кога ќе потпорасне ако ти е на почеток проблем спуштање земање. Монтажно до 5г ќе ти врши работа нема да згрешиш особено што патуваш и ќе си го носиш во МК. И веќе не одобрувај купување по слика на вибер..и мене ми праќала свеки сум рекла да видам во живо па после. И сум одела до продавницата да видам. Така и ти во иднина за да си раат. Не ми треба "финансиска" помош ако оди сама си бира што нејзе и се свиѓа.
Може ли некоја мајка да стави каква е одвантре вреќичката за спиење од тила? Во овој период не е за зимска вреќа, а за летната мислам дека е ладно. Го облекувам убаво ама ладни се ноќите.
Дали имате нарачано од mybaby.mk? @MilaSs12 Мислам дека некоја имаше пишано во веро џамбо дека има. @Butterfly1107 Од каде се шарените играчки на предпоследната слика? И ако знаеш како се перат?
Играчките сигурно се од Бебе Супермаркет, познати ми се бидејќи жаба му имам купено на малиов, со потегнување се и свират. За перење врска немам, кога ја купив, ја пребришав само, но не сум му дала да ја допира, од далеку само ја гледа и и' се радува ептен. Интересни се и шарени сите. @MilaSs12 Подоцна ќе ти ја сликам вреќичката ако некоја не стави слика пред мене.
Да, од бебе супермаркет се. Се пикам во машина, перам со ептен слаба центрифуга 15мин, играчките ги ставам во таква футрола за градници или едни како мрежи за прење на деликатни алишта. Претходно ги прскам со алкохол.