Ги видов и јас вреќите во Тила откога постираше Оли слика кога ја зеде, многу се убави, пријатен и мек памук, ептен ми се допаднаа и мене, како за есен и пролет се супер, во зима ако е многу ладно ќе треба и плус ќебенце
Па дебелко е, не е како за лето и е тамам ако назима не е многу ладно каде што спие. А и зависи нели што оздола ќе му се облече. Мене ми се допаѓа, меко е и пријатно.
Фала многу. Таква ми треба, овие од бејби ко се летни, тенки се веќе. А зимските им се многу дебели. Овие ке се таман. И за големините сакав да прашам, долги ли се доволно?
Па мислам дека не се многу, по бројки одат. Моево е скоро 5 месеци, зедов 74, пишува до 9 месеци. Вака има фора во должина, но не се предолги. Не знам дали ќе ти се допаѓаат во должина, најдобро да ги видиш во живо.
А колку е долг бебуш твој? Јас порачав еден бој поголем, можеби ке му е подолго, ама ке ја користи и наредна пролет.
Врска немам сега колку е долг, за некој ден сме на контрола. Сакав да земам 80, но ракавите огромни ми се видоа и се премислив, си реков ќе купам поголема понатаму ако има потреба. Ај па пиши како му се погодила.
Јас на син ми ништо не сум му облекувала дури беше бебе ,хулахопки само за надвор кога излегувавме зимно време сум му облекувала.
Ништо, тренерчиња и чорапчиња. За излегивање надвор облекував само ѕивриња лани беше 3-4 месеци. Е оваа година плус ќе носи гофички