Мајки, што мислите за Mupped kids, Baby shopp и Брендирана облека Лондон? Сакам да нарачам некои комплетчиња, зимски работи за бебенцево па ме интересира како се со величините, материјалот на облеката и цени, највише што ме нервира за секое парче одделно за цена да прашувам...
Лелее душа, па вака да ми се случи да ми купи и мене, ќе збеснам, искрено од инат ќе одам ново да си купам, ама ајде да не те нервирам, те разбирам скроз, само не и дозволувај бе така сама да си одлучува за твое дете, пробајте дали се крева нагоре кревтчето, ако не земете си ново, и готово, твоите чувства се најбитни како што и другите ти кажаа, и не се замарај, спакувај се и оди ново да си земеш.
Од Muppetkids порачав и на првото перење на 30 степени се скусија тренерките. Брендирана облека за возрасни Лондон најчесто се на George и се супер тренерки и комплети, обично се малку поголем калап освен бодињата кои се таман. Се на се убав материјал, памук и немаат гајле ни на 60 степени. Другите немам порачувано.
Од baby shop имам нарачано четири комплетчиња, убаво изгледаат, памукот не е нај ама за цената се сосема ок, околу 500-600 денари. Зборувам за комплетчињата боди и панталончиња, не оние бебешките по повеќе ствари во пакување.
Од сите три имам порачувано супер се ,само ако си од Скопје од мапет и бејби шоп ги има работите во скоро секоја локална продавничка поефтини за 100до150 ден .
Во стружанка имаат донесено многу убава есенска зимска облека. Комплетите боди и панталони 390ден Бенкици 149 ден. Ептен се мекани и шарени
George почнале со достава до мк . Само не знам колку е shipping. https://www.google.com/amp/s/amp.direct.asda.com/george/clothing/10,default,sc.html