Сега 1750 се во Тила. Ти 0ли, задоволна си од врекичката за спиење? Ги гледав на страната на Тила, но не можам да проценам, за ова време се, или може да се користат и кога ке биде поладно. Треба величината според месеците да се купи, или може и поголема?
Вреќичката ми се допаѓа, памучна е, дебелка, а не предебела. На моево некако топло му е и го облекувам само со боди на куси оздола. Во собата каде што спиеме температурата паѓа на 22 степени ноќе. Но како с'клет му е и испотен е. Ако е поладно, можеби попријатно ќе му биде. Некако не можам да му угодам. Јас зедов бр. 74 и точна му е, но ракави некако големи имаат. Кога видов бр. 80 колкави ракави има, си реков помал број ќе земам, а и на оваа му се долги и му ги виткам. Оваа нема уште долго да ја носи, џабе ми рекоа дека за 9 месеци е, кај нозете нема многу простор долу. Сега дефинитивно би барала вреќичка без ракави.
Да не го зема? И јас со недели ги меркам, ама некако повеќе му го имам меракот на ова од Либерта, за околу 1000 денари е поскапо, а има странични џепчиња и некако конструкцијава ми изгледа постабилна. И димензиите не им се баш исти.
@*Ench@nted* Јас го имам ова на Safety 1st, и е многу стабилно и изгледа корисно. Има и нивоа спрема спалната да се подеси. Доле ногарките се вадат за да се стави под спална.. Поучена од со првото исто каде мака имав со неговото спиење и ставање во кревет после цицање, се надевам ова креветче ќе биде решението
Без ракави во ваикики гледав лани, сега уште нема такви. Добиле само оние како скафанфер, ама синко ни како бебе не сакаше во такви да спие. Плус на нозете треба да му облекувам чорапи. Инаку вреќите на тила не се нешто дебели, за сега се. Синко носи пижами и боди одоздола и таман му е. Со иста дебелина на јорган се покриваме и ние. За зима треба подебели. Ама ние сме во куќа и ладно е. Пуштаме греење во спална колку воздухот да го стопли. Јас не би купила без ракави, мене ми е ладно на рацете, па претподтавувам и на синко му е ладно. Не се нешто големи. Јас 92 купив ама се собра во сушара и сега му е супер, нема многу простор доле кај нозете.
Јас земав од стружанка, тенко е и без ракави ама таман е... Кај нас дома е 25 степени и шпикозна и вреќичката му е супер. Сега сме кај свеки, плус боди одоздоле носи за соба со 23 степени ама дека куќа поладно е...
Морав да му земам пак од тритекс зашто сушарата моја му ги смали претходните Имало посебна програма за сушење памук ама кој да прочита, му ги смалив сите алишта, а се чудев како може толку брзо да ги израснал.
10.872 ден. https://www.encimenci.com.mk/relaksator-sansa-2-vo-1-rocker-in-the-rain-do-9kg-joie-w1604aaitr000