Преубави се. И јас се мислам да ги порачам. Ако може да ми кажеш дали е убав материјал и дали одговара бројот на возраста?
Многу се убави. Панталончињата се подебелки, баш ко за есен, капутчето е мноогу убаво дебелко. Софи е малку поситна, сега направи 3 месеци. Овие се од 3-6 И се маалку големки. Ама добро ќе и ги носам цел есен. А капутчето ептен ми прави ќејф. Блузичката е обична потенка.
Скоро исто како кога не носи вреќа. Долу вреќата е широка и слободна, има барем 5 10 цм плус кај нозете. Плус, кога ке станат од спиење се поспани, не одат веднаш, па и да одат, во креветче нема кај да стигнат.
И синко се исправа веднаш, ама пак не е исто како кога е буден. Нема да падне лесно, може да се заплетка ама не е толку тесно.
Имам прашање за поискусни, во врска со скафандери кои што се отворени кај стапалата. Што им обувавте и дали се практични или подобри се тие целосно со се стапалце? Пример:
Зависи колку е големо детето. Лани синко имаше со затворени стапала ама беше бебе. Сега е голем, оди и ке му купам отворени и ке носи чизми. Бебе од неколку месеци кое не оди, нема потреба да го малтретираш со чизми.
Не ни сакав чизми, само си велев ако порачам од ова со отворени стапалца ќе му студи по чорапчиња или нешто плетени над нив ќе треба. Значи подобро да барам со затворени стапалца.
Јас нарачав oд George’s со стапалца, во декември треба да се породам, таман ќе биде за зимово да го истераме, наредна година здравје скафандер
Девојки ај просветлете ме ова од George, шипинг за било колку купени работи е 1500? Или се зголемува во зависност од нарачката?
Која величина нарача се мислам и јас да земам за во Јануари ама ме знам на George бројчиња та како им одат
Колку се бодињата во тритекс? Убав му е материјалот? Нема да ги сушам во сушара оти немам купено уште ќе почека малку Треба да купам на долги бодиња имам само 5-6 и незнам кај има со подобар квалитет и онлајн немам време да шетам сега да барам...
Јас купив скафандер ама ич не ми текна да размислам дали со отворени или затворени ножиња Сега кога ја прочитав @Isabel ми светна ламбата, подобро ќе беше со затворени ама бидна веќе, ќе облакаме термо чорапчиња или патичиња
Покомлицирано е кога нема стапалца. Лани цела зима го помина во скафандер. Облекуваш, го ставаш во транспортер и готово.
Тритекс имаат убави памучни бодиња. На долги ракави им се поскапи. Цените им се од околу 220 до 320/350 зависи дали е на прирамки, кратки ракави или долги. Обично на Тритекс купувам кога имаат попуст на пола цена. Ги перам и на 60 и на 40 степени и немаат мрднато.