Не знам уште не ми се отворени А искрено не ги нарачував јас, золвата моја ги гледаше и се јави на едни нејзини пријатели од Шведска за да ги праша дали може кај нив да стигнат. И овие рекле епа ај ете поклон за двете бебиња од нас. Така да не сум компетентна да ти кажам зошто не ги бирав јас
И јас исто се скапав од барање на постелнини и оградици ама да се со нормални цени.. Тие од машнички за деца, детски облачиња и трифантино се преубави ама многу ми се скапи дека треба за две креветчиња да купам... Најевтино до сеа во стружанка и ситник што видов...
да ти кажам искрено јас сеуште се мислам дали да ставам оградица не сум била во стружанка и ситник ќе проверам баш.. а овие на машнички за деца, детски облачиња и трифантино ги гледав, да имаат прекрасни дезени но материјалите не знам какви им се.. друго е кога ќе го фатиш материјалот а друго е само на слика кога ќе го видиш затоа пишав тука можеби некоја членка има купено па ќе сподели искуство..
Провери во чарли бејби на фб, јас лани кога бев по друго таму, постелнините со се оградица беа упола со цените од Скопје. Сега не знам како се
По фб имам видено и со стапалца што се вадат. Јас не купив скафандер туку ќебенце со патент и нитни од стружанка. Мало е моево, утре месец правиме, па си викам и онака нигде посебно нема да одиме зимово и со коронава...вака пикни го во ќебенцето набрзина и ајт...
Пишав пред едно време тука за креветчето што ми го купи свекрива, само да кажам дека е многу убаво во живо и има три левели, мажот мој мислеше дека го прашвам скроз горе да се крени само малку да е длабоко Недоразбирање за џабе плачки.. Ама сепак планирам и корпа да купам помала.
Оли која големина зеде бодиња? Одговараат за големината или поголеми/помали се? А и колку е долг малиот? Ги гледав ама незнам од 6-9дали ќе му се таман или многу големи..
Зедов 6-9, поголемки се од 3-6, но 3-6 му се веќе кнап и правам залихи на поголеми бројчиња, ќе почнам да му ги носам кај да е. Утре ќе ти сликам разлика меѓу 3-6 и 6-9. Малиот е 66 cm.
Имам и јас 5-6 со долги ама се од 3-6 месеци па нема уште долго да ги носи сега ми требаат од 6-9 немам ниедно таа големина а на долги а на кратки имам од овие од примарк по 7 во паковање доста му се за дома а за излегување по долги ќе земам