Секаде има 50ки, ваикики, окаиди, зара, мали продавнички, онлајн. Ако е крупно бебето 50ки ке му се мали. Плус ако ги сушиш во сушара ке се соберат.
Аии колку се слатки, ги барав на апликацијата на зара но неможам да се снајдам, дали може линк или нешто насоки каде да ги побарам? Уште ми е рано за купување ни пол не знаеме ама преслатки се овие вториве посебно! Да се редактирам Ги најдов!
Во потрага си по вреќички ти Јас зедов без ракави и тенка, малиов жива вода се прави во таа од Тила иако е само по боди со куси оздола. Сега со потенкава ќе пробам, ќе му облечам пижами да видам дали така ќе му е потамам.
Барав вреќички во Стружанка во ГТЦ и немаше А дебела или тенка е? Вака дебелка изгледа, како плишана. Да и' олеснам и на Мила со прашања
Дебела е да, мајка ми ја земала кај Биотек лабараторијата кај Државна болница. Инаку ова дефинитивно не е за сега, тек ноември/декември За сега има една тенка од стружанка и таа му е супер.
Да. Плус синко спие, да искористам слободно време. Завчера со отворен прозор спиевме, денес не, се разбудивме испотени и двајцата. Навистина не знам како да го облечам за спиење. Оној ден кога беше поладно, од тила му беше таман. Ама за ноември декември тешко, ладно е во куќа, ние со дебел јорган се покриваме. Ке разгледам баш, ми изгледа мека и топличка. Фала мајки.
Барав боди со шумски животни и да се пофалам од мераци, си го најдов. Сакав едно, купив четири . Фала @llama.mamma ! Фото-доказ
Со здравје да ги носи јас ќе си пукнам што не најдов број, идеално ќе ми одговара со фустанчето за роденден