Ти благодарам! Со твоето фустанче или на детето фустанчето? Ајде провери за некој ден пак и во магацин нека ти побараат. А кој број ти треба? Среќен роденден!
Одете у Локо Кроко за вреќички и дебелки пижамки. Беа околу 800 колку што видов и може и онлајн да нарачате.
Ваикики, среќа и јас си купив и 50ки, имав некое претчувство дека побрзо ќе се породам и така бидна. Имаме еден месец, сега 56ките ни се таман
Види ги на chicco скафандерите, имаат ко чизмички за ноџињата и ракавички за рачињата, истите се со копченца, а внатрешно материјалот е ко скафандерот-крзненце.
Брат ми ги земал карши Рамстор има едно фешн некако се викаше мислам не можам да се сетам. Околу 500 ден. се по три во пакување.
Што за количка? Нешто како навлака или што? Неопходно е? Едит: А какви се тие гнезда нешто имало? Се користат тие чуда?
За во количка го ставаат, транспортер, седиште за во кола. Ако ти е мерак може да го користат за во количка како душече да леже на меко. Инаку за во седиште транспортер не се препорачува од страна на ортопед да се става
Не е навлака, како перница на седиштето од количката се става. Гнездото ние го пукнавме од користење, 4 месеци секој ден.
Од сите што ги видов, најубава подлога каде што ќе лежи имаше гнездото од Енци Менци, другите беа како меки, а не треба да лежи на меко. Ова го зедов, има многу убави разни пастелни бои. Кога му беше веќе кусо, врзување има едно што се пушта.
Супер Фала ти. И уште едно прашање. Знам дека е индивидуално, ама кажи ми , од раѓање веднаш почна да го користиш ова ? Да знам за кога да им го однесам.
Мојава од болница директ во гнездо,максимално го користиме. Мислам се чувствува како гушната,посигурна,ако не ја легнам во него веднаш се буди.